Скромно, во Струмица почна 27. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Недела, 08 Септември 2019

Скромно и без црвениот тепих годинава, почна Фестивалот на камерен театар во Струмица „Ристо Шишков 2019“.

На камерната сцена, зад главната сцена, фестивалот го отвори градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој истакна дека за Ристо Шишков заборав не може и не смее да има.

„Нашиот Меѓународен фестивал на камерен театар кој се одржува во градот на детството и младоста на Шишков, веќе 27 години го чува тоа име како најголемо богатство. Нека биде така и во иднина, на задоволство на сите почитувачи на вистинските културни вредности. Општина Струмица тие вредности секогаш ќе ги поддржува“ – кажа градоначалникот Јаневски најавувајќи го почетокот на фестивалот.

До четврток ќе бидат одиграни девет претстави од Македонија, Бугарија и Хрватска со учество на четириесеттина актери, кои ќе се докажуваат со својата актерска игра за единствената награда за високо актерско остварување „Ристо Шишков“.

Фестивалската жири комисија ќе ја предводи минатогодишниот лауреат, актерот Благоја Чоревски.

„Голема работа, да бидеш блиску до Шишков, да ја имаш наградата која се вика „за најдобро актерско остварување Ристо Шишков“, тоа е голема работа, голема чест, но и „бреме“ за човекот којшто ја добива, затоа што и дотогаш се докажувал, но од кога ќе ја има таа награда треба уште повеќе да се докажува“ – рече Чоревски пред стартот на годинашното издание на фестивалот за камерен театар.

Во рамките на Фестивалот се одржува и 9-то издание на камерна драма НЕТА - Нова европска театарска акција.

Први пред публиката настапија актерите од Драмскиот куклен театар Враца од Бугарија со претставата „Убавицата и принцот“, по новелата „Сонот на чичкото“ на Фјдор М. Достоевски, а во драматизација и режија на Николај Полјаков.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспитовско блато

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспит…

Јан 26, 2020 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека денеска напладне избувнал пожар во реонот помеѓу селата Банско и Габрово. Петмина пожарникари...

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и пробивање на шумски пат

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и проби…

Јан 26, 2020 Вести

Педесеттина граѓани денеска се собраа на сретсело во Старо Коњарево за да го искажат нивното несогласување со изградбата на шумски пат за сеча на огре...

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Јан 26, 2020 Вести

Тимот на Академија Пандев го помина нерешено вториот контролен натпревар од подготвителниот период со Балтика, клуб кој се натпреварува во второто по ...

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфатени над 11.700 невработени граѓани

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфа…

Јан 26, 2020 Вести

Повеќе од 11.700 невработени граѓани ќе бидат опфатени со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот...

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминува на лекување во Турција

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминув…

Јан 26, 2020 Вести

За околу еден месец, со помош на хуманите граѓани кои донираа, собрани се потребните средства за лекување на малиот Ѓорги Трајков од Струмица. Три и п...

Жителите на Старо Коњарево утре ќе протестират против пробивање пат кај месноста Дебел Бук

Жителите на Старо Коњарево утре ќе протестират против пробив…

Јан 25, 2020 Вести

За утре во 10:00 часот жителите на селото Старо Коњарево, општина Ново Село организираат мирен протест под мотото: „СТОП за смртта на Беласица“. Прек...

Врешкова: Владата за само 2 и пол години успеа да ги испорача резултатите до граѓаните

Врешкова: Владата за само 2 и пол години успеа да ги испорач…

Јан 25, 2020 Вести

„Владата предводена од СДСМ за само две и пол години, многу порано од предвидениот рок, успеа да ги испорача до граѓаните резултатите од своето работе...

Александра Јанева: Да продолжат да се пеат песните на Тоше за да живеат

Александра Јанева: Да продолжат да се пеат песните на Тоше з…

Јан 25, 2020 Магазин

Популарната македонска пејачка, Александра Јанева, деновиве ќе биде македонски претставник на музичката манифестација МАС во Белград. Таа има редовни ...