Се делат канти за отпад на домаќинства во градот Струмица

Вторник, 10 Септември 2019

Се делат канти за отпад на домаќинства во градот Струмица, а денеска беа опфатени домаќинства од Чифлик маало и населбата Карпош. Во наредните десеттина дена ќе добијат сите домаќинства во градот. Во 15-те населени места на територијата на општина Струмица веќе се поделени 3000 канти.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Ѓоргиев направија обиколка со екипите од јавното комунално претпријатие кои ги доставуваат кантите за отпад. Обезбедени се 8500 канти, а од буџетот на општината потрошени се околу 8.000.000 денари.

„Секое домаќинство ќе добие нов сад за одлагање на отпадот и сметаме дека со тоа ќе придонесеме за подобрување на хигиената во градот и за поурбан изглед на градот. Садовите граѓаните ги добиваат бесплатно, значи општината е таа што ќе ги плати овие садови и во рамките на големата кампања „Еко фронт-чиста да ни е“ ќе биде едно подобрување на имиџот на нашиот град, како средина која дава максимални напори за подобрување на амбиентот“ – кажа градоначалникот Јаневски.

За во градот Струмица планирани се 5500 домаќинства да добијат вакви канти со зафатнина од 120 литри, а граѓаните имаат обврска да ги одржуват и чуват. Градоначалникот апелира до нив, за домаќинско однесување, за да траат подолго и да бидат во служба на подигнување на нивото на комуналната хигиена во градот и селата.

Инаку, струмичани последен пат канти за отпад, во една ваква слична акција добиле пред 20 години, вели директорот на ЈПКД „Комуналец“ Зоран Ѓоргиев, се надева дека еколошката свест кај секој граѓанин ќе биде на повисоко ниво.

„Сметам дека и свеста кај граѓаните за правилно одлагање на отпадот, посебно во населените места каде во релативно краток период го собираме отпадот, ќе биде подигната на едно повисоко ниво и во новите садови да се става само комуналниот отпад и се надевам дека тоа ќе биде еден чекор во понатамошното организирање на собирањето на отпадот со негова селекција“ – кажа директорот Ѓоргиев.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Сениорската екипа на Пандев подмладена со уште тројца фудбалери од својата школа

Сениорската екипа на Пандев подмладена со уште тројца фудбал…

Јан 21, 2020 Вести

Фудбалскиот клуб „Академија Пандев“ од Струмица информира дека продолжува со потпишување на професионални договори со млади фудбалери кои произлегуваа...

Каролина Дончева од струмичкото СДСМ: Позитивна политика, подобрен семеен буџет

Каролина Дончева од струмичкото СДСМ: Позитивна политика, по…

Јан 21, 2020 Вести

Каролина Дончева, член на Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ во Струмица, вели дека по заслуга на прогресивните политики кои ги спров...

Исчезната 28-годишна жена од Босилово

Исчезната 28-годишна жена од Босилово

Јан 21, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 15 часот во Полициската станица во Струмица, Б.Б. (29) од Босилово пријавил дека од нивниот семеен дом во Боси...

Утрово во Струмица измерени -7 степени, најстудено во Берово -13

Утрово во Струмица измерени -7 степени, најстудено во Берово…

Јан 21, 2020 Вести

Скоро во целата држава утринава температурите се под нулата. Најстудено е во Берово каде се измерени -13 степени, а најтопло во Дојран и Гевгелија кад...

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лиц…

Јан 20, 2020 Вести

Во четврток од 16:00 часот, во Струмица ќе биде отворен специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост, како дел од проектот „И ние постоиме“ на ...

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

Јан 20, 2020 Вести

Утрово околу 05:00 часот во селото Сарај, струмичко, автомобил марка „Опел“ се забил во дрвен електричен столб на ЕВН и направил прекин на електричнат...

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Јан 20, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради дефект на водоводната мрежа од утрово е прекинато водоснабдувањето на улицата „Ката Поцкова“ во Струмица, ...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2020 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...