Поставена изложба на дела од 56. Струмичка ликовна колонија

Среда, 11 Септември 2019

Од вечерва во Изложбениот салон на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица е поставена изложба на 40 дела создадени од 14 ликовни уметници на годинашната меѓународна Струмичка ликовна колонија, која по 56-ти пат се одржа од 1 до 12 август.

„56 години традиција, преку 1300 ликовни творци од цел свет кои учествувале, создале над 2600 дела. Со право можам да кажам дека сме најстарата и најафирмирана ликовна колонија не само во Македонија, туку и на Балканот. Големо богатство е да се има дела од основоположниците на македонското современо ликовно сликарство, Пандилов, Мартиновски, Владимирски, Наумовски, Кондовски, Мазив, Чемерски, Куноски и уште многу други уметници кои оставија дел од своето срце“ – рече уметничкиот раководител на колонијата, Александар Филев.

На годинашната Струмичка ликовна колонија имаше уметници, освен од Македонија и од Русија, Полска, Бугарија, Грција и САД, кои биле фасцинирани од старата архитектура и тесните улички и сокаци во Струмица. Инспирирајќи се од тоа, тие своите чуства ги пренесоа на платна, секој со својот дух, со своите креации, што е и убавината на уметноста.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски ја отвори изложбата, по повод ослободувањето на градот, 11-ти септември. Рече дека овие дела се непроценливо богатство кои ја осведочуваат ликовната историја на нашиот град и нашата држава.

„Новата страница од таа историја е веќе напишана со јазикот на творечкиот сензилибитет, а Општина Струмица несебично ќе го поддржува и испишувањето на следните нејзини страници“ – рече градоначалникот Јаневски.

Делата од годинашната Струмичка ликовна колонија струмичани ќе имат можност да ги видат во наредните десеттина дена, а потоа ќе бидат претставени во неколку градови во државата.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ДИК ги соопшти резултатите од изборите: СДСМ со 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ со 44, ДУИ 15 пратеници

ДИК ги соопшти резултатите од изборите: СДСМ со 46 пратеници…

Јул 16, 2020 Вести

Државната изборна комисија ги соопшти неофицијалните конечни резултати од предвремените Парламентарни избори 2020. Претседателот на ДИК, Оливер Дерко...

Кај наплатната рампа Миладиновци, во автомобил со струмички ознаки е запленет кокаин

Кај наплатната рампа Миладиновци, во автомобил со струмички …

Јул 16, 2020 Вести

Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Бирото за ја...

Скандал на сајтот на ДИК: Во Ново Село води Алијансата на Села, втора е ДУИ

Скандал на сајтот на ДИК: Во Ново Село води Алијансата на Се…

Јул 16, 2020 Вести

Според резултатите од интернет страницата на ДИК, на избирачко место во Ново Село води Алијансата на Села со освоени 67.86% од гласовите, втора е ДУИ ...

ДИК: СДСМ освои 46 пратенички места, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ има 15 пратеници

ДИК: СДСМ освои 46 пратенички места, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ има …

Јул 16, 2020 Вести

Според последните неофицијални резултати на Државната изборна комисија, од преработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места, коалицијата „Можеме“ пре...

СДСМ прогласи победа на вчерашните Парламентарни избори

СДСМ прогласи победа на вчерашните Парламентарни избори

Јул 16, 2020 Вести

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ доцна синоќа прогласи победа на вчерашните предвремени Парламентарни избори во земјава. Коалицијата на СДСМ о...

Половина час пред затворањето на гласачките места во 4-та Изборна единица гласале 59,90%, додека во Струмица 57,15%

Половина час пред затворањето на гласачките места во 4-та Из…

Јул 15, 2020 Вести

Половина час пред затворањето на гласачките места во 4-та Изборна единица, односно до 20:30 часот гласале 59,90% од вкупно запишаните граѓани со право...

СВР Струмица со најмногу прекршоци пријавени во текот на изборниот ден

СВР Струмица со најмногу прекршоци пријавени во текот на изб…

Јул 15, 2020 Вести

Овие Парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ, како за демократската свест на граѓаните, така и за капаци...

Во Четвртата изборна единица до 19:00 часот изглегле на гласање 53,30% од вкупно запишаните

Во Четвртата изборна единица до 19:00 часот изглегле на глас…

Јул 15, 2020 Вести

Според податоците од Државната изборна комисија во Четвртата Изборна единица од запишаните 282.506 граѓани до 19:00 часот своето гласачко право го ост...