Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка во чест на професорот Илија Караманов

Вторник, 17 Септември 2019

Во Струмица на 21 и 22 септември ќе се организира Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, поранешен одбојкар и тренер, кој почина неодамна, Илија Караманов, а на иницијатива на ОК „Наковски Волеј“.

На првиот турнир „Илија Караманов 2019“ ќе настапат екипи од Србија, Словачка и Македонија. Отворањето е закажано на 21 септември (сабота) во 17:30 часот во Спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“, по што следува првиот натпревар помеѓу екипите, шампионот на Македонија, ОК „Работнички“ и ОК „Брусно“ од Словачка, а во 20:00 часот помеѓу домаќинот и организатор, ОК „Наковски Волеј“ и ОК „Партизан“ од Белград, Србија.

Инаку, Илија Караманов, кој почина на 9 август годинава на 58-годишна возраст, беше десет години одбојкар на некогашниот Одбојкарски клуб „Југославија“ од Струмица, тренер на некогашниот женски одбојкарски клуб „Македонија Траншпед“ од Струмица и помошник на тренерот Кире Ричлиев во ОК „Струмица“ од 1994 до 2004 година. Од 1992 година беше вработен во Општинскиот сојуз на спортови во Струмица, како одговорен за финансиското работење на оваа спортска организација.

Во последните десеттина година, до неговата смрт, беше професор во економските струки на СОУ „Јане Сандански“ во Струмица. Важеше за еден од омилените професори меѓу учениците во Струмичката гимназија.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Започна третиот циклус на обуки за земјоделците-кандидати за грантови за воведување на современи агроеколошки мерки

Започна третиот циклус на обуки за земјоделците-кандидати за…

Окт 16, 2019 Вести

Во Струмица и Радовиш започна третиот циклус на обуки за земјоделците – кандидати за грантови за воведување на современи агроеколошки мерки во рамките...

„ПРЕСТИЖ“ дел од меѓународниот Саем на естетика, козметика и фризерски услуги во Белград

„ПРЕСТИЖ“ дел од меѓународниот Саем на естетика, козметика и…

Окт 16, 2019 Магазин

Центарот за убавина „Prestige“ од Струмица, кој постојано ги следи светски познатите саеми и обуки во областа на козметиката, викендот беше дел од меѓ...

Во Струмица одбележан светскиот Ден на храната

Во Струмица одбележан светскиот Ден на храната

Окт 16, 2019 Вести

Денеска во холот на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, на повеќе штандови беше презентиран богат избор на храна, од солени и слатки специј...

Музичкиот бенд „БОЛЕРО“ промовира две нови песни со видео спотови

Музичкиот бенд „БОЛЕРО“ промовира две нови песни со видео сп…

Окт 15, 2019 Магазин

Една од најпопуларните музички групи во Македонија, „БОЛЕРО“ со вокалниот солист Христијан Божинов Кико, деновиве со две нови песни, кои ги промовираа...

Македонски дипломати во Струмица, ќе ги препорачуваат струмичките брендови на компании во странство

Македонски дипломати во Струмица, ќе ги препорачуваат струми…

Окт 15, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска беше домаќин на голем број македонски дипломати  - почесни конзули, кои се акредитирани в...

Поради дефект неколку улици во Струмица се без вода за пиење

Поради дефект неколку улици во Струмица се без вода за пиење

Окт 15, 2019 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради настанат дефект на водоводната линија од утринава е прекинато водоснабдувањето на улиците: „Партизанска“, ...

По 12 часа уште еден земјотрес почуствуван кај Струмица

По 12 часа уште еден земјотрес почуствуван кај Струмица

Окт 14, 2019 Вести

Земјотрес со јачина од 2.9 степени според Меркалиевата скала, е почуствуван вечерва во 21:40 часот на 8 километри северосточно од Ново Село со длабочи...

ДИГИТАЛНА СТРУМИЦА: SourceMX Academy организира БЕСПЛАТНА 6-месечна академија за програмирање

ДИГИТАЛНА СТРУМИЦА: SourceMX Academy организира БЕСПЛАТНА 6-…

Окт 14, 2019 Магазин

SourceMX Academy организира БЕСПЛАТНА 6-месечна академија за програмирање. Од најосновните јазици до најмодерните технологии кои се најчесто употребув...