Испечатете ја страната

Ѓорѓи П. Панов пред струмичани ја промовираше книгата со афоризми „Судот на времето“

Четврток, 19 Септември 2019

„Судот на времето“ е насловена шестата книга на струмичанецот Ѓорѓи П. Панов, збирка од афоризми промовирана синоќа во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

За книгата и авторот говореа промоторите Никола Сарајлија и Виолета Тодева Мијалкова, а модератор беше Виолета Сековска.

Промоцијата беше збогатена со музичко интермецо на инструменталисти од музичкото училишите „Боро Џони“, кои создаваа прекрасни звуци во фоајето на НУЦК „Антон Панов“.

Инаку, Ѓорѓи П. Панов е роден 1960 година во Струмица. Средно образование завршил во Струмичката гимназија, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје.

Уште од најрани младешки години хоби му е пишување поезија. Сепак, многу поголем интерес пројавува кон афоризмите кои се негова преокупација повеќе од 30 години.

Тој е автор на пет книги со афоризми. Првата збирка „Духовни бранувања“ ја објавува во 2001 година, а втората, „Клепсидра“, во 2004 година. И двете книги се преведени на англиски јазик од еминентниот полиглот проф. Георги Стоев во 2007 година. Со овие две книги и нивните преводи на англиски јазик е застапен во проектот Растко Македонија „Втора кожа“ е негова трета книга со афоризми објавена во 2007 година и три години подоцна преведена нa англиски јазик од проф. Соња Митева. Четвртата книга „Помеѓу редови...“ ја објавува во 2014 година, а минатата година ја промовираше и петтата книга насловена „Украдено срце“.

„Пополнета празнина“ издадена во 2010 година, е заедничка книга со Ристо Филчевски и Костадин Устапетров, афирмирани и еминентни струмички афористичари. На негова иницијатива е издаден „Зборник на роднокрајни афористичари“ во 2013 година. Во него рамноправно се застапени петмина афористичари: д-р Димитар Алачки, Ацо Ѓорѓиев, Ѓорѓи П. Панов, Костадин Устапетров и Ристо Филчевски. Коавтор е на „Струмичка афоризница“, 2014 година. Застапен е во антологијата „Врели мразeви“ од Васил Толевски, издадена во 2013 година.

Ѓорги П. Панов е внук на познатиот македонски драмски писател Антон Панов, чие име го носи Центарот за култура во Струмица.

ФОТО: Сречко Гунчев

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

Галерија

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Утре од 08:30 до 15:30 часот прекин на електричната енергија во реонот Хамзали

Утре од 08:30 до 15:30 часот прекин на електричната енергија…

Авг 04, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 5 август), во периодот од од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат кори...

Во Струмица регистриран нов случај со ковид-19, активни се 22-ца

Во Струмица регистриран нов случај со ковид-19, активни се 2…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со ковид-19. По градови...

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...