Испечатете ја страната

Околу 150 ученици го разубавија дворот на СОУ „Никола Карев“, изработија и постелнини за Детското одделение во Струмичката болница

Петок, 20 Септември 2019

Учениците од СОУ „Никола Карев“ и СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, го одбележаа меѓународниот Ден на мирот.

Околу 150 ученици од двете средни општински училишта денеска во дворот на СОУ „Никола Карев“ учествуваа во младинската акција за хортикултурно уредување на училишниот двор, бојадисување на металните и бетонските конструкции во дворот и испишување на пораки за мир на училишниот ѕид.

Во рамките на акцијата, младите организираа и хуманитарна активност за Детското одделение во ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица, учениците од Конфекциските струки изработија постелнини за најмладите пациенти во Струмичката болница и денеска ги наместија на креветите во болницата во оваа одделение.

Младинската акција е продолжение на долготрајниот процес во кој учествуваа средношколците од општина Струмица, во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. Минатата учебна година, младите од двете училишта заедно ги идентификуваа проблемите во градот со кои што се соочуваат како млади личности. Еден од предизвиците за кој што изразија желба и самите да помогнат да се надмине беше токму лошата состојба на училишните дворови. Кон крајот на минатата учебна година, младите заедно преземаа волонтерска акција за разубавување на дворот на средното училиште „Јане Сандански“.

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието е петгодишна иницијатива за зајакнување на меѓуетничката кохезија меѓу младите и развој на демократските и граѓанските однесувања.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

Галерија

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Утрово во Струмица измерени -7 степени, најстудено во Берово -13

Утрово во Струмица измерени -7 степени, најстудено во Берово…

Јан 21, 2020 Вести

Скоро во целата држава утринава температурите се под нулата. Најстудено е во Берово каде се измерени -13 степени, а најтопло во Дојран и Гевгелија кад...

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лиц…

Јан 20, 2020 Вести

Во четврток од 16:00 часот, во Струмица ќе биде отворен специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост, како дел од проектот „И ние постоиме“ на ...

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

Јан 20, 2020 Вести

Утрово околу 05:00 часот во селото Сарај, струмичко, автомобил марка „Опел“ се забил во дрвен електричен столб на ЕВН и направил прекин на електричнат...

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Јан 20, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради дефект на водоводната мрежа од утрово е прекинато водоснабдувањето на улицата „Ката Поцкова“ во Струмица, ...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2020 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Сообраќајка кај Габровските водопади, едно лице го загуби животот

Сообраќајка кај Габровските водопади, едно лице го загуби жи…

Јан 19, 2020 Вести

Попладнево кај Габровски водопади се случи сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а други тројца се повредени. Како што информираше ...

Почина сестра Лујза, сестра Евхаристинка во Католичката Катедрала во Струмица

Почина сестра Лујза, сестра Евхаристинка во Католичката Кате…

Јан 19, 2020 Вести

Синоќа почина сестра Лујза Стојчева, сестра Евхаристинка, - информираат од Католичката Катедрала „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица“ По пов...

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во вод…

Јан 19, 2020 Вести

26-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трајче беше најсреќ...