Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски, денеска ги повика струмичани да се вклучат во акцијата за чистење на отпадот од реонот околу спортскиот комплекс во Струмица, еко акција што ја организира струмичкото СДСМ.
„Целта на оваа акција е сите заедно да исчистиме уште една дива депонија во овој дел од градот и да упатиме порака до сите несовесни граѓани кои што го расфрлаат отпадот на несоодветни места, дека од нас зависи во каква животна средина ќе живееме и каква ќе им ја оставиме на идните генерации“ – вели Даскаловски.
Тој додаде дека оваа акција и учеството на граѓаните во неа ќе биде и придонес во кампањата која што во март годинава ја започнаа Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“, „Еко фронт – Чиста да ни е“, а во која се исчистија поголем дел од дивите депонии во градот и населените места и се разубавија јавните зелени површини.
Зборното место е закажано во 09:00 часот, во недела 22 септември, пред Спортскиот комплекс „Пандев“ во Струмица.
.
.
Јан 21, 2021 Вести
Поради заминување во пензија, д-р Наќе Гогов е разрешен од функцијата директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица. Со одлука на министерот Венко Филип...
Јан 20, 2021 Магазин
Македонската радио телевизија објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија. „Според јасно утврдените правила од...
Јан 20, 2021 Вести
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...
Јан 20, 2021 Вести
Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...
Јан 20, 2021 Магазин
Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...
Јан 19, 2021 Вести
На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...
Јан 19, 2021 Веб Билборд
Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...
Јан 19, 2021 Магазин
Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...
Error: No articles to display