Испечатете ја страната

Во Струмица се одржува првиот турнир во одбојка за жени „Илија Караманов 2019“

Сабота, 21 Септември 2019

Млади одбојкарки од Македонија, Словачка и Србија, денеска и утре учествуваат на првиот Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, поранешен одбојкар и тренер, Илија Караманов, што го организира Одбојкарскиот клуб „Наковски Волеј“ од Струмица.

Попладнево по официјалното отворање на турнирот во Спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“, се одигра првиот натпревар помеѓу екипите, шампионот на Македонија, ОК „Работнички“ и ОК „Брусно“ од Словачка, а потоа и помеѓу домаќинот ОК „Наковски Волеј“ и ОК „Партизан“ од Белград, Србија. Турнирот продолжува и утре со финалното разигрување помеѓу најдобрите екипи.

Илија Караманов, кој почина на 9 август годинава на 58-годишна возраст, беше десет години одбојкар на некогашниот Одбојкарски клуб „Југославија“ од Струмица, тренер на некогашниот женски одбојкарски клуб „Македонија Траншпед“ од Струмица и помошник на тренерот Кире Ричлиев во ОК „Струмица“ од 1994 до 2004 година. Од 1992 година беше вработен во Општинскиот сојуз на спортови во Струмица, како одговорен за финансиското работење на оваа спортска организација.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица од утре „Секс, лаги и љубомора“, влезниците распродадени

Во Струмица од утре „Секс, лаги и љубомора“, влезниците расп…

Ное 19, 2019 Вести

Нема влезници за двете закажани премиери во среда и четврток на комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, а во режија на Синиша Евтимов, ре...

И Игор Ангелов во балканското ТВ шоу „Никогаш не е доцна“

И Игор Ангелов во балканското ТВ шоу „Никогаш не е доцна“

Ное 18, 2019 Магазин

Познатиот вокален солист од Струмица, професорот од Музичкото училиште „Боро Џони“, Игор Ангелов е дел од балканското музичко ТВ шоу „Никад није касно...

Внимателно возете на патот Струмица – Дабиле, до петок изменет сообраќаен режим

Внимателно возете на патот Струмица – Дабиле, до петок измен…

Ное 18, 2019 Вести

На магистралниот пат Струмица – Дабиле во тек е поставување на сообраќајна сигнализација по што е воведена времена измена на режимот на сообраќај. Гео...

Советот за етика во медиумите утре во Струмица со дебата за непрофесионално и необјективно известување

Советот за етика во медиумите утре во Струмица со дебата за …

Ное 18, 2019 Вести

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), утре (вторник, 19 ноември), со почеток во 11:00 часот, во хотел „Есперанто“ во Струмица организира...

Приведен струмичанец кој се обидел да силува

Приведен струмичанец кој се обидел да силува

Ное 18, 2019 Вести

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р. (37) од Струмица поради постоење основи на сомнение за обид за силување. „Вчера во раните утрински ча...

Струмица доби Парк за миленици од ЕВН Македонија

Струмица доби Парк за миленици од ЕВН Македонија

Ное 18, 2019 Вести

Со присуството на градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и раководителот на ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица, Александар Трлин, денеска во С...

Утре без електрична енергија дел од корисниците на улицата „11-ти Октомври“ во Струмица

Утре без електрична енергија дел од корисниците на улицата „…

Ное 18, 2019 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (вторник, 19 ноември), во периодот од 09:30 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат кор...

„Тортијада 2019“ со песна и дружење на членовите на „Мобилност“

„Тортијада 2019“ со песна и дружење на членовите на „Мобилно…

Ное 17, 2019 Вести

Синоќа во хотелот „Цар Самуил“ во Банско, кај Струмица по 22-ри пат се одржа манифестацијата „Тортијада 2019“ на лицата со телесен инвалидитет од Маке...