Од 14-ти септември до денеска, Струмица беше домаќин на третата меѓународна размена под име „АгроМлади - Трето издание“.
Група од 35 млади од 7 европски земји, Македонија, Романија, Италија, Данска, Турција, Хрватска и Португалија беа гости на Струмица. Теми на размената кои беа дискутирани беа поврзани со развој на руралните подрачја, земјоделието и како младите да се мотивираат и да започнат свои мали бизниси во областа производство на храна.
Во текот на размената тие имаа можност да споделат искуства, информации и најдобри практики во овие области. Исто така беа имплементирани и студиски посети преку кои младите научија повеќе за производството. Групата ја посети фабриката ЈОКА од Струмица каде научија повеќе за производството на јогурт, МАБИ Трејд каде видоа како се конзервира и обработува пиперката, и беа гости на Бети Рингова во Горно Балдовци каде имаа можност и директно да помогнат при берење на црвена пиперка.
На овој начин тие преку студиски посети дознаа повеќе и искусија практично што значи бизнис, како да станеш земјоделец и добија мотивација за иднината.
Младите имаа можност направат и свој мармалад од јаболка и модри сливи. Мармаладот денеска беше претставен на струмичани, а средствата од продажбата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Исто така тие како гости на Општина Струмица имаа можност да ги посетат и видат Колешинските и Смоларските водопади, Водоча, Вељуса и Струмичкиот музеј и да научат нешто повеќе за Струмица.
Оваа меѓународна размена е имплементирана од страна на младинската организација КРЕАТОР од Куманово, а финансирана од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата ЕРАСМУС+.
.
.
Јан 21, 2021 Вести
Поради заминување во пензија, д-р Наќе Гогов е разрешен од функцијата директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица. Со одлука на министерот Венко Филип...
Јан 20, 2021 Магазин
Македонската радио телевизија објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија. „Според јасно утврдените правила од...
Јан 20, 2021 Вести
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...
Јан 20, 2021 Вести
Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...
Јан 20, 2021 Магазин
Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...
Јан 19, 2021 Вести
На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...
Јан 19, 2021 Веб Билборд
Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...
Јан 19, 2021 Магазин
Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...
Error: No articles to display