Вчера четири часа имало полициска акција низ улиците на Струмица и околу градот, полицијата бркала комбе полно со мигранти од Авганистан и Пакистан.
На ден 06.10.2019 година, околу 11:00 часот, по претходни оперативни сознанија било забележано ТМВ „Цитроен“ натоварено со мигранти кое се движело кон Струмица. Веднаш возилото било проследено, истовремено биле алармирани и останатите полициски служби кои биле активни на подрачјето на Струмица. Возилото продолжило да се движи по улиците во Струмица, а откако пријавените увиделе дека се следени и на даден знак од полициски службеници не застанале, по што се упатиле по земјен пат кој води кон ниви и викендици. Кога дошле пред една од викендиците на патот имало паркирано ПМВ „Мерцедес“, истите со големна брзина, сакајќи да поминат помеѓу оградата и запреното ПМВ, не успеале и со ТМВ „Цитроен“ удриле во запреното ПМВ, притоа соборувајќи ја и металната порта, по што возилото било оневозможено да се движи. Бидејќи не можеле да продолжат понатаму, преку совозачкото седиште двајцата пријавени побегнале. Од страна на полициски службеник кој почнал да ги брка, бил фатен второпријавениот И.С. и истиот веднаш бил лишен од слобода - информираше портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.
На лице место излезена е увидна екипа од СВР Струмица и од извршениот преглед на ТМВ било констатирано дека внатре има 27 мигранти и тоа: 11 од Авганистан и 16 од Пакистан, од кои двајца малолетници.
Околу 16:50 часот, од страна на полициски службеници од СВР Струмица во непосредна близина на местото каде што е пронајдено ТМВ бил пронајден и првопријавениот.
Секторот за внатрешни работи - Струмица во координација со Секторот за гранични работи РЦ за ГР „Исток“ и РЦ за ГР „Југ“ до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против Д.М. (22) од Богданци и И.С. (39) од село Селемли, општина Богданци, поради постоење на основи на сомневање дека двајцата сториле кривично дело „криумчарење мигранти“ предвидено во чл. 418-Б од КЗ на РМ.
По наредба на ОЈО за ГОКК, двете пријавени лица се лишени од слобода и задржани во просториите на ПС од ОН Струмица, по обавениот разговор се предени во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје.
© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...
.
.
Дек 08, 2019 Вести
Капитенот на македонската репрезентација попладнево понуди егзотичен гол за присутните на стадионот во Лече откако во нападот на неговата екипа ја иск...
Дек 08, 2019 Вести
Селото Муртино доби Детска градинка, на просторот на некогашната општинска зграда, кога постоеше општина Муртино. Капацитетот е за 26 деца од предучил...
Дек 08, 2019 Вести
Струмица на 11-ти декември празнува, го одбележува својот Патрон, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. По тој повод од денеска на празник...
Дек 08, 2019 Вести
Синоќа околу 01:00 часот по полноќ избувна пожар во семејна куќа во селото Пиперево – информираат од Противпожарната единица на Струмица. Пет пожарни...
Дек 07, 2019 Вести
Дома во Струмица, одбојкарките на „Наковски Волеј“ го претрпеа првиот пораз во натпреварувањето од есенскиот дел на Првата одбјкарска лига за жени и г...
Дек 07, 2019 Вести
Струмичкиот писател, поет, драматург, долгогодишен новинар и уредник, Никола Д. Сарајлија – Македонски, синоќа во Центарот за култура „Антон Панов“ во...
Дек 07, 2019 Вести
Без разлика што преостануваат уште две натпреварувачки рунди до крајот на есенскиот дел, работите се уште ќе може да се менуваат. Се чини дека деветто...
Дек 07, 2019 Вести
„ЏИО Струмица“ против „Вардар“. Тоа е најзначајниот натпревар во есенската етапа од нашата најквалитетна машка одбојкарска конкуренција. Актуелниот ша...