Роза Мојсовска по 43 години престој во Заводот во Банско доби сопствен стан од државата

Среда, 09 Октомври 2019

Познатата поетеса и сликарка со телесен хендикеп, Роза Мојсовска, по 43 години престој во Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“, од денеска е во сопствен стан во Струмица, кој и го додели државата. Освен Роза, стан добија и уште шест штитеници од Заводот за рехабилитација, кои трајно се исселија од таму и од денеска ќе живеат во новите станови.

Клучевите на Роза и ги предаде министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, а таа во знак на благодарност и подари уметничка слика нацртана од неа и книги со нејзината поезија.

„Сега имам нов живот и треба да се борам за тој живот, зашто сакам да им покажам на луѓето дека и ние имаме потреби, дека и ние можеме да живееме како секој нормален човек. Изразувам голема благодарност до УНДП, до Министерството за труд и социјална политика и на сите пријатели кои ми даваат голема поддршка за да можам да живеам во станбената единица овде во Струмица“ - рече Роза.

Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“, повеќе од четири децении беше дом на 52-годишната штитеничка Роза Мојсовска. Судбината ја оставила во количка. Уште од шестиот месец во својот живот е низ болници, а првите зборови „мамо“ и „тато“ не биле за нејзините родители, туку – за лекарите. Имала дури седум операции, за жал, неуспешни. Родена е во Скопје со телесен хендикеп. Од 1976 година е во Заводот во Банско.

Во Заводот се школувала и тука ù се најблиските пријатели. Секако и пријателката Тоше (Тодорка), која ù помага во секојдневните активности, таа сега ќе и биде и личен асистен со финансиска поддршка на Министерството за труд и социјална политика.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Бројката на новозаразени денеска скокна на дури 62 пациенти, во Скопје 24, во Штип 14 пациенти

Бројката на новозаразени денеска скокна на дури 62 пациенти…

Мај 31, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19. Во Скопје 24, Штип 14, Тетово 12, Струга 4, Гостивар 3...

Претседателот Пендаровски ја продолжи вонредната состојба до 13 јуни

Претседателот Пендаровски ја продолжи вонредната состојба до…

Мај 30, 2020 Вести

Растот на бројот на новозаразени со корона вирусот и смртни случаи беа доволна причина за претседателот на државата, Стево Пендаровски да ја продолжи ...

Почина познатиот струмичанец, најголемиот фан на ФК „Академија Пандев“, познат како Гокче, кој има исто име и презиме со Горан Пандев

Почина познатиот струмичанец, најголемиот фан на ФК „Академи…

Мај 30, 2020 Вести

Денеска на 28-годишна возраст почина еден од најверните поддржувачи на ФК „Академија Пандев“ од Струмица, познат како Гокче, кој има исто име и презим...

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоча

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонти…

Мај 30, 2020 Вести

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоча, која е една од најзначајните културно-историски споменици на територијата на...

Денеска регистрирани 35 новозаразени, починаа пет пациенти, меѓу кои и бебето кое беше транспортирано во Швајцарија

Денеска регистрирани 35 новозаразени, починаа пет пациенти, …

Мај 30, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени се 1120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на Ковид-19. Најмногу во Скопје 22, во Тетово 6, Куманово 4 и по еден...

Владата предлага прогласување вонредна состојба во наредните 14 дена

Владата предлага прогласување вонредна состојба во наредните…

Мај 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

На денешната 59-та седница Владата донесе заклучок да достави до претседателот Стево Пендаровски извештај за преземените активности на државните инсти...

Фирма за производство на ПВЦ столарија има потреба од работници

Фирма за производство на ПВЦ столарија има потреба од работн…

Мај 30, 2020 Веб Билборд

Фирма за производство на ПВЦ столарија од Струмица има потреба од работници со или без работно искуство. Повеќе информации и пријавување на: 070/374-3...

„Комуналец“: Кванташкиот пазар работи од 05:00 до 17:00 часот

„Комуналец“: Кванташкиот пазар работи од 05:00 до 17:00 часо…

Мај 29, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известува граѓаните дека Кванташкиот пазар работи секој ден од 05:00 до 17:00 часот, освен недела и државни празници. По...