Седум штитеници од Заводот во Банско се преселија во станови во Струмица

Среда, 09 Октомври 2019

Седум лица од Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ кај Струмица од денеска се преселија во сопствени станови и ќе продолжат да живеат самостојно.

Становите, кои им ги обезбеди Министерството за труд и социјална политика се во градот Струмица со површина од околу 30-тина метри квадратни на приземје, прилагодени за нивните потреби и се комплетно опремени со мебел и бела техника. Имат дневна соба, спална соба, кујна, купатило и тераса.

Клучевите на новите станари им ги предаде министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која истакна дека процесот на деинституционализација тече непречено и се одвива со забрзана динамика.

„Сето тоа кажува дека можеме да понудиме различни форми на трансформација на институциите - малите единици се тие кои немаат свој стан и куќи, а тие кои што имаат каде да се вратат можеме да обезбедиме поддршка и да се реконструираат одредени нивни куќи или дел од куќи каде понатаму ќе можат да живеат. Овој процес е долгорочен и трае. Но, важно е дека со голема мотивација и ентузијазам го водиме целиот процес и да видете дека не застануваме“ - рече Царовска.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски го поздрави процесот на деинституционализација на институциите каде беа згрижени овие лица.

„Мислам дека овој концепт на извлекување на овие луѓе надвор во нормалната средина дава една голема можност за нивно искажување како личности, можност да се покаже нивната индивидуалност, креативност, можност да делуваат на општеството, а секако и општеството кон нив и сето тоа заеднички не збогатува“ - рече Јаневски.

На примошредавањето на становите присуствуваше и претставничката на Обединетите Нации во Македонија, Росана Дуџак која го истакна своето задоволство од напредокот на процесот на деинституционализација во изминатиот период.

„Искрено славиме и честитаме за посветеноста на Министерството и на целата Влада во спроведувањето на овие реформи. Потребни се многу напори и посветеност за да се осигура дека лицата со попреченост може да ги реализираат своите права да живеат независно и да бидат вклучени во заедницата. Затоа, сакам да ги уверам Владата и заедницата дека целото ОН семејство е достапно и одлучно да ја обезбеди сета неопходна поддршка за во овој процес никој да не заостане”, рече Росана Дуџак, резидентен координатор на Обединетите нации (ОН).

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Сениорската екипа на Пандев подмладена со уште тројца фудбалери од својата школа

Сениорската екипа на Пандев подмладена со уште тројца фудбал…

Јан 21, 2020 Вести

Фудбалскиот клуб „Академија Пандев“ од Струмица информира дека продолжува со потпишување на професионални договори со млади фудбалери кои произлегуваа...

Каролина Дончева од струмичкото СДСМ: Позитивна политика, подобрен семеен буџет

Каролина Дончева од струмичкото СДСМ: Позитивна политика, по…

Јан 21, 2020 Вести

Каролина Дончева, член на Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ во Струмица, вели дека по заслуга на прогресивните политики кои ги спров...

Исчезната 28-годишна жена од Босилово

Исчезната 28-годишна жена од Босилово

Јан 21, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 15 часот во Полициската станица во Струмица, Б.Б. (29) од Босилово пријавил дека од нивниот семеен дом во Боси...

Утрово во Струмица измерени -7 степени, најстудено во Берово -13

Утрово во Струмица измерени -7 степени, најстудено во Берово…

Јан 21, 2020 Вести

Скоро во целата држава утринава температурите се под нулата. Најстудено е во Берово каде се измерени -13 степени, а најтопло во Дојран и Гевгелија кад...

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лиц…

Јан 20, 2020 Вести

Во четврток од 16:00 часот, во Струмица ќе биде отворен специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост, како дел од проектот „И ние постоиме“ на ...

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

Јан 20, 2020 Вести

Утрово околу 05:00 часот во селото Сарај, струмичко, автомобил марка „Опел“ се забил во дрвен електричен столб на ЕВН и направил прекин на електричнат...

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Јан 20, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради дефект на водоводната мрежа од утрово е прекинато водоснабдувањето на улицата „Ката Поцкова“ во Струмица, ...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2020 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...