Првачињата од Струмица примени во Детската организација

Четврток, 10 Октомври 2019

По повод „Детската недела“, денеска на свечен начин првачињата од струмичките училишта и официјално беа примени во Детската организација.

Возбудени и весели беа 530-те првачињата на свеченоста во Центарот за културата „Антон Панов“ во Струмица, по повод приемот во организацијата. Ова за нив беше вистинско доживување што им го подготвија повозрасните другарчиња од Домот за деца и млади „Благој Мучето“, со сценско-музичките изведби. Тие дадоа и свечена заклетва со која се обврзуваат дека ќе учат вредно и ќе постигнат резултати во учебната година.

Првачињата ги поздрави градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, кој им го честиташе приемот во Детската организација.

„Вие сте наше најголемо богатство, наша најголема гордост и радост, наша иднина. Она што треба да го знаете е дека сите имате еднакви права, кои се загарантирани со Конвенцијата за правата на детето, и дека сите ја заслужувате неопходната поддршка од сите нас за да имате еднакви можности. Ние мораме да знаеме дека светот останува на вас и дека наш предизвик е да ви помогнеме да ги спознаете вистинските вредности во животот. Во таа смисла, Општина Струмица и јас како ваш градоначалник, пријател и другар, ви ја гарантираме сета љубов и поддршка. Да сте ми живи, здрави, успешни, безгрижни и среќни. Нека ви е со со среќа зачленувањето во Детската организација“ – им порача градоначалникот Јаневски.

По свеченоста претставници на првачињата од деветте основни училишта на територијата на општина Струмица, заедно со нивните учителки беа на традиционалниот прием во кабинетот на градоначалникот Коста Јаневски.

Приемот на првачињата во Детската организација традиционално се случува во рамките на Детската недела, која годинава во Македонија се одржува од 7 до 13 октомври, под мотото: „Детски права за наше детство“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Комуналец“: Кванташкиот пазар работи од 05:00 до 17:00 часот

„Комуналец“: Кванташкиот пазар работи од 05:00 до 17:00 часо…

Мај 29, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известува граѓаните дека Кванташкиот пазар работи секој ден од 05:00 до 17:00 часот, освен недела и државни празници. По...

Министерот Филипче потврди за 52 новозаразени од Ковид-19, починале четири лица

Министерот Филипче потврди за 52 новозаразени од Ковид-19, п…

Мај 29, 2020 Вести

Денеска се потврдени 52 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се четири лица, кажа министерот за здравство, Венко Филипче на п...

Денеска дури 58 новозаболени од Ковид-19

Денеска дури 58 новозаболени од Ковид-19

Мај 29, 2020 Вести

Во последното деноноќие бројот на заразени повторно се зголеми. Дури 58 нови случаи на Ковид-19, објави www.faktor.mk, повикувајќи се на свои извори о...

Почуствуван земјотрес во Струмица

Почуствуван земјотрес во Струмица

Мај 28, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вечерва во 22:51 и 22:52 часот е почуствуван земјотрес во струмичкиот регион со јачина од 2,5 степени според европската макросеизмичка скала на длабоч...

Почуствуван земјотрес во Струмица

Почуствуван земјотрес во Струмица

Мај 28, 2020 Вести

Вечерва во 22:51 и 22:52 часот е почуствуван земјотрес во струмичкиот регион со јачина од 2,5 степени според европската макросеизмичка скала на длабоч...

Кривична за двајца струмичани за криумчарење мигранти од Бангладеш, Авганистан, Пакистан и Ирак

Кривична за двајца струмичани за криумчарење мигранти од Бан…

Мај 28, 2020 Вести

Двајца жители на струмичкото село Градошорци се осомничени за криумчарење на мигранти од Бангладеш, Авганистан, Пакистан и Ирак. Како што информираат...

Денеска 38 нови случаи на Ковид-19, двајца починаа

Денеска 38 нови случаи на Ковид-19, двајца починаа

Мај 28, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на Ковид-19. По градови, во Скопје 24, во Куманово и Штип 4, Во Тет...

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи парите ќе ги добијат до 3 јули, а треба да ги потрошат до 31 јули

Корисниците на платежните картички за купување на македонски…

Мај 28, 2020 Вести

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи и услуги од домашни компании од третиот владин сет на економски мерки своите 9...