Испечатете ја страната

Повторно се покрена иницијатива за изградба на Регионална депонија, откако првата пред 5 години пропадна

Четврток, 10 Октомври 2019

Денеска во Струмица се собраа градоначалниците од Југоисточниот регион, заедно со претставници на комуналните претпријатија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за финансии, претставници од Европската банка за обнова и развој и експертска група, и расправаа за иницијативата што ја покрена Владата за изградба на Регионална депонија.

„На денешната седница на Советот на градоначалници започнавме постапката за менаџирање на Регионална депонија. Добро што тргна иницијативата за решавање на овој горлив проблем, сите сме едногласни дека овој проблем конечно треба да се реши“ – вели градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Откако првичниот проект од пред повеќе од 5 години пропадна, најмногу поради неусогласеноста околу цената која домаќинствата требаше да ја плаќат за собирање на сметот, Владата на Република Северна Македонија покрена иницијатива - проект за четири региони, Југоисточниот, Пелагонискиот, Југозападниот и Вардарскиот регион за изградба на Регионална депонија.

„Се надеваме дека ќе утврдиме соодветни модели за управување со отпадот во секој од регионите. Не значи дека ќе се уврди еден модел, кој ќе биде идентичен за сите четири региони, туку ќе зависи од демографијата на регионите, од количините на отпад кои што се собираат, значи ќе зависи од многу аспекти“ - рече Каја Шукова од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Градоначалниците од десетте општини во Југоисточниот регион се едногласни дека конечно треба да се реши проблемот со изградба на Регионална депонија.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

Галерија

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Жителите на Старо Коњарево утре ќе протестират против пробивање пат кај месноста Дебел Бук

Жителите на Старо Коњарево утре ќе протестират против пробив…

Јан 25, 2020 Вести

За утре во 10:00 часот жителите на селото Старо Коњарево, општина Ново Село организираат мирен протест под мотото: „СТОП за смртта на Беласица“. Прек...

Врешкова: Владата за само 2 и пол години успеа да ги испорача резултатите до граѓаните

Врешкова: Владата за само 2 и пол години успеа да ги испорач…

Јан 25, 2020 Вести

„Владата предводена од СДСМ за само две и пол години, многу порано од предвидениот рок, успеа да ги испорача до граѓаните резултатите од своето работе...

Александра Јанева: Да продолжат да се пеат песните на Тоше за да живеат

Александра Јанева: Да продолжат да се пеат песните на Тоше з…

Јан 25, 2020 Магазин

Популарната македонска пејачка, Александра Јанева, деновиве ќе биде македонски претставник на музичката манифестација МАС во Белград. Таа има редовни ...

Кои се најдобрите спортисти и спортски екипи на Струмица за 2019-та

Кои се најдобрите спортисти и спортски екипи на Струмица за …

Јан 25, 2020 Вести

Струмица ги избра најдобрите спортисти за 2019-та година на традиционалната манифестација „Спортист на годината“, која се одржа синоќа во хотелот „Сту...

Одбојкарскиот репрезентативец Ристо Николов најдобар спортист на Струмица за 2019-та

Одбојкарскиот репрезентативец Ристо Николов најдобар спортис…

Јан 25, 2020 Вести

Одбојкарот Ристо Николов од ОК „ЏИО Струмица“ и член на македонската одбојкарска репрезентација е избран за најдобар спортист на Струмица за 2019-та г...

Утре продолжува акцијата за кроење на дрворедите во градот Струмица

Утре продолжува акцијата за кроење на дрворедите во градот С…

Јан 25, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека утре (недела, 26 јануари), продолжуваат со акцијата за кроење на дрворедите во градот Струмица. Се започнува од ...

И ловџиите се вклучија во потрага на 28-годишната Марија Брзакова

И ловџиите се вклучија во потрага на 28-годишната Марија Брз…

Јан 25, 2020 Вести

Утрово од пред општинската зграда на Општина Босилово, голем број ловџии и граѓани се приклучија на полициските службеници во потрага на исчезнатата М...

Фудбалерите на „Академија Пандев“ утре заминуваат на подготовки во Анталија, Турција

Фудбалерите на „Академија Пандев“ утре заминуваат на подгото…

Јан 24, 2020 Вести

Сениорскиот тим на ФК „Академија Пандев“ од Струмица утре заминува на подготовки во Анталија, Турција, каде ќе бидат до 7 февруари. Договорени се пет...