Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица на „Разговори за обнова на Македонија“

Четврток, 10 Октомври 2019

Попладнево на булеварот „Маршал Тито“, кај маркетот „Тинекс“, ВМРО-ДПМНЕ во рамките на кампањата „Разговори за обнова на Македонија“, организираше средби со граѓаните.

Во обраќањето пред струмичани, лидерот Христијан Мицкоски се осврна на многу прашања и повеќе наврати потенцираше дека во Струмица ќе дошле како победници по следните предвремени Парламентарни избори и ќе побарале отчет и одговорност за сето тоа што се случувало изминативе години.

„Треба да одговарат каде отидоа десетиците милиони народни пари на струмичани, но каде отидоа и милијардите кои што ги потрошија во буџетот веќе трета година по ред. И тогаш ќе има одговорност, тогаш нема коалиции за хотели, за бизниси со лотарии, тогаш нема тоа да го има, туку сите тие од прв до последен, јас ви ветувам, дека ќе одговараат“ - рече Мицкоски.

Лидерот на најголемата опозициска партија потенцираше дека заедно со народот нема да дозволат никаков постизборен инженеринг на наредните избори и дека власта не исполнила ништо од ветувањата.

Бараат предвремени избори затоа што, како што рече, тоа е единствениот начин да провериме дали Македонија блеска или пак она што ние како опозиција го говориме дека не само што не блескаме, туку одиме се позабрзано во амбисот.

Додаде дека некој се плаши од едно такво соочување со граѓаните и посакувал, како што рече, што подолго да остане на политичката сцена, што повеќе да ги користи привилегиите, што повеќе да ги злоупотребува тие привилегии во лични цели и затоа предвремените парламентарни избори за Македонија се неопходни сега и веднаш за да може да се определи вистинската траекторија на иднината на татковината, а не таа замислената.

Тој на крајот ги презентираше мерките од нивната програма кои ќе ги спроведе во првите сто денови владата на ВМРО-ДПМНЕ. Вети дека ќе го врателе повторно „рамниот данок“, ќе изнашле решение за најголемиот дел од проблемите на земјоделците, ќе почнел проектот како да се најде синергија меѓу инвеститорите, меѓу науката и образованието и бизнисот, а ќе отпочнеле и со рестартирање на проектите кои ги затворила актуелната власт и ќе значат подобрување на условите и животната средина, притоа напаѓајќи ја мерката за субвенциониарње на клима инвертери во четири градови во државата и дека со таа мерка се обидуваат да поткупат 10.000 семејства.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Комуналец“: Кванташкиот пазар работи од 05:00 до 17:00 часот

„Комуналец“: Кванташкиот пазар работи од 05:00 до 17:00 часо…

Мај 29, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известува граѓаните дека Кванташкиот пазар работи секој ден од 05:00 до 17:00 часот, освен недела и државни празници. По...

Министерот Филипче потврди за 52 новозаразени од Ковид-19, починале четири лица

Министерот Филипче потврди за 52 новозаразени од Ковид-19, п…

Мај 29, 2020 Вести

Денеска се потврдени 52 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се четири лица, кажа министерот за здравство, Венко Филипче на п...

Денеска дури 58 новозаболени од Ковид-19

Денеска дури 58 новозаболени од Ковид-19

Мај 29, 2020 Вести

Во последното деноноќие бројот на заразени повторно се зголеми. Дури 58 нови случаи на Ковид-19, објави www.faktor.mk, повикувајќи се на свои извори о...

Почуствуван земјотрес во Струмица

Почуствуван земјотрес во Струмица

Мај 28, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вечерва во 22:51 и 22:52 часот е почуствуван земјотрес во струмичкиот регион со јачина од 2,5 степени според европската макросеизмичка скала на длабоч...

Почуствуван земјотрес во Струмица

Почуствуван земјотрес во Струмица

Мај 28, 2020 Вести

Вечерва во 22:51 и 22:52 часот е почуствуван земјотрес во струмичкиот регион со јачина од 2,5 степени според европската макросеизмичка скала на длабоч...

Кривична за двајца струмичани за криумчарење мигранти од Бангладеш, Авганистан, Пакистан и Ирак

Кривична за двајца струмичани за криумчарење мигранти од Бан…

Мај 28, 2020 Вести

Двајца жители на струмичкото село Градошорци се осомничени за криумчарење на мигранти од Бангладеш, Авганистан, Пакистан и Ирак. Како што информираат...

Денеска 38 нови случаи на Ковид-19, двајца починаа

Денеска 38 нови случаи на Ковид-19, двајца починаа

Мај 28, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на Ковид-19. По градови, во Скопје 24, во Куманово и Штип 4, Во Тет...

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи парите ќе ги добијат до 3 јули, а треба да ги потрошат до 31 јули

Корисниците на платежните картички за купување на македонски…

Мај 28, 2020 Вести

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи и услуги од домашни компании од третиот владин сет на економски мерки своите 9...