Струмица го одбележа денот на народното востание и ден на борецот

Петок, 11 Октомври 2019

„Денес правиме временско премостување од цели 78 години за да си припомниме на еден исклучително значаен настан од нашиот историски времеплов. Овој ден не кани да ги разбудиме чувствата за незаборав кон еден светол датум и настан, и кон сите оние кои исполнети со верба и слободарски дух оставиле востанички белег во него“ – рече градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски на денешното одбележување на празникот 11-ти октомври, Ден на народното востание и Ден на борецот.

Пред Споменикот на Револуцијата во Градскиот парк, градоначалникот Јаневски истакна дека Република Северна Македонија е гордо исправена под своето знаме, бидејќи 11-октомврискиот татнеж одекнал на тој начин што овозможил оддек за подоцнежни историски случувања кои го креираа хронолошкиот растеж на ова парче балканска земја.

„Тоа навистина е така, оти да не беше 11-ти октомври можеби не ќе беше можно да се случи ни Асномскиот 2-ри август, безмалку три години подоцна, а веројатно ниту многу други настани кои ја одбележаа нашата борба во времето на Народноослободителната и антифашистичка војна“ – рече Јаневски.

Претставници на општина Струмица, на Сојузот на борците, на јавни институции, политички партии, училишта и здруженија, положија свежо цвеќе пред Споменикот на Револуцијата, а членовите на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“, интерпретираа револуционерна поезија. На свеченоста годинава свој настап имаа и играорците на Ансамблот „Тримери“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Комуналец“: Кванташкиот пазар работи од 05:00 до 17:00 часот

„Комуналец“: Кванташкиот пазар работи од 05:00 до 17:00 часо…

Мај 29, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известува граѓаните дека Кванташкиот пазар работи секој ден од 05:00 до 17:00 часот, освен недела и државни празници. По...

Министерот Филипче потврди за 52 новозаразени од Ковид-19, починале четири лица

Министерот Филипче потврди за 52 новозаразени од Ковид-19, п…

Мај 29, 2020 Вести

Денеска се потврдени 52 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се четири лица, кажа министерот за здравство, Венко Филипче на п...

Денеска дури 58 новозаболени од Ковид-19

Денеска дури 58 новозаболени од Ковид-19

Мај 29, 2020 Вести

Во последното деноноќие бројот на заразени повторно се зголеми. Дури 58 нови случаи на Ковид-19, објави www.faktor.mk, повикувајќи се на свои извори о...

Почуствуван земјотрес во Струмица

Почуствуван земјотрес во Струмица

Мај 28, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вечерва во 22:51 и 22:52 часот е почуствуван земјотрес во струмичкиот регион со јачина од 2,5 степени според европската макросеизмичка скала на длабоч...

Почуствуван земјотрес во Струмица

Почуствуван земјотрес во Струмица

Мај 28, 2020 Вести

Вечерва во 22:51 и 22:52 часот е почуствуван земјотрес во струмичкиот регион со јачина од 2,5 степени според европската макросеизмичка скала на длабоч...

Кривична за двајца струмичани за криумчарење мигранти од Бангладеш, Авганистан, Пакистан и Ирак

Кривична за двајца струмичани за криумчарење мигранти од Бан…

Мај 28, 2020 Вести

Двајца жители на струмичкото село Градошорци се осомничени за криумчарење на мигранти од Бангладеш, Авганистан, Пакистан и Ирак. Како што информираат...

Денеска 38 нови случаи на Ковид-19, двајца починаа

Денеска 38 нови случаи на Ковид-19, двајца починаа

Мај 28, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на Ковид-19. По градови, во Скопје 24, во Куманово и Штип 4, Во Тет...

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи парите ќе ги добијат до 3 јули, а треба да ги потрошат до 31 јули

Корисниците на платежните картички за купување на македонски…

Мај 28, 2020 Вести

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи и услуги од домашни компании од третиот владин сет на економски мерки своите 9...