Испечатете ја страната

Струмица го одбележа денот на народното востание и ден на борецот

Петок, 11 Октомври 2019

„Денес правиме временско премостување од цели 78 години за да си припомниме на еден исклучително значаен настан од нашиот историски времеплов. Овој ден не кани да ги разбудиме чувствата за незаборав кон еден светол датум и настан, и кон сите оние кои исполнети со верба и слободарски дух оставиле востанички белег во него“ – рече градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски на денешното одбележување на празникот 11-ти октомври, Ден на народното востание и Ден на борецот.

Пред Споменикот на Револуцијата во Градскиот парк, градоначалникот Јаневски истакна дека Република Северна Македонија е гордо исправена под своето знаме, бидејќи 11-октомврискиот татнеж одекнал на тој начин што овозможил оддек за подоцнежни историски случувања кои го креираа хронолошкиот растеж на ова парче балканска земја.

„Тоа навистина е така, оти да не беше 11-ти октомври можеби не ќе беше можно да се случи ни Асномскиот 2-ри август, безмалку три години подоцна, а веројатно ниту многу други настани кои ја одбележаа нашата борба во времето на Народноослободителната и антифашистичка војна“ – рече Јаневски.

Претставници на општина Струмица, на Сојузот на борците, на јавни институции, политички партии, училишта и здруженија, положија свежо цвеќе пред Споменикот на Револуцијата, а членовите на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“, интерпретираа револуционерна поезија. На свеченоста годинава свој настап имаа и играорците на Ансамблот „Тримери“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

Галерија

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Земјоделците од утре со картичка ќе можат да си обезбедат зелена нафта

Земјоделците од утре со картичка ќе можат да си обезбедат зе…

Јул 12, 2020 Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, вчера од Струмица најави дека од понеделник повторно ќе може да се точи Еуро...

Денеска е Петровден - за многу години!

Денеска е Петровден - за многу години!

Јул 12, 2020 Магазин

Денеска е Св. апостоли Петар и Павле – Петровден. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот ...

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Јул 11, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19, меѓу кои и две лица во Струмица, најмногу во Скопје ...

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било…

Јул 11, 2020 Избори 2020

„Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски“ - кажа во денешното обраќање кандидатот за пратеник во Изборн...

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со раководството на СВР Струмица

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со р…

Јул 11, 2020 Вести

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев претпладнево беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи во Струмица. Како што кажа министерот ...

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со струмичките бизнисмени

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со стру…

Јул 10, 2020 Избори 2020

„Ја зајакнуваме директната поддршка на македонските компании. Нашата цел е да создадеме амбиент за динамичен и конкурентен бизнис, ослободен од полити...

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓу кои и во Струмица

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓ…

Јул 10, 2020 Вести

Градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-...

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земјава регистрирани дури 205 нови случаи

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земј…

Јул 10, 2020 Вести

Во последните 24 часа во земјава се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравств...