ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за две години нема реализирано ниту еден позначаен проект за Струмица

Петок, 18 Октомври 2019

„Поминува половина мандат на актуелната локална власт на СДСМ во Струмица, која со општината управува веќе 15 години. Две години исполнети со неработа, неспособност и манипулација. СДСМ за две години нема реализирано ниту еден позначаен, бележит проект за Струмица. Она пак, што е направено досега - не се одржува“ – рече на денешната прес конференција, Александра Митева, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

Таа упати прашање до општината, до каде е проектот „Изградба на Старечки дом во Струмица“.

„Домот за стари лица е можност возрасните лица да добијат посебна установа со услови за нега и посебна грижа. Можност за поминување на старите години во подобри услови за живот и работа. Постојните капацитети веќе не ги задоволуват потребите на регионот. Особено со масовната миграција на младите и зголемувањето на потребата возрасните да бидат згрижени во установа која има соодветни услови. Јавноста ги поддржува барањата на разните здруженија на пензионери и другите субјекти, кои се интересираaт за овој проблем и затоа како Општински комитет апелираме да се започне реализација на овој проект“ – рече Митева.

Од Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ велат дека се изненадени од одбивањето на градоначалникот Коста Јаневски да ја сфати сериозноста од неработењето на локалната власт.

„Одговорноста за секој поминат ден без работа на капитални проекти. Во последните три години СДСМ ја претставува и државната власт и повеќето од кадрите од локално мигрираа на национално ниво. Очекувањата се големи, амбициите сериозни – резултатите никакви, заморот - очигледен. Времето покажува дека предизборните ветувања на СДСМ се само реторичка вештина и замислена манипулација“ – додаде Митева.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица од утре „Секс, лаги и љубомора“, влезниците распродадени

Во Струмица од утре „Секс, лаги и љубомора“, влезниците расп…

Ное 19, 2019 Вести

Нема влезници за двете закажани премиери во среда и четврток на комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, а во режија на Синиша Евтимов, ре...

И Игор Ангелов во балканското ТВ шоу „Никогаш не е доцна“

И Игор Ангелов во балканското ТВ шоу „Никогаш не е доцна“

Ное 18, 2019 Магазин

Познатиот вокален солист од Струмица, професорот од Музичкото училиште „Боро Џони“, Игор Ангелов е дел од балканското музичко ТВ шоу „Никад није касно...

Внимателно возете на патот Струмица – Дабиле, до петок изменет сообраќаен режим

Внимателно возете на патот Струмица – Дабиле, до петок измен…

Ное 18, 2019 Вести

На магистралниот пат Струмица – Дабиле во тек е поставување на сообраќајна сигнализација по што е воведена времена измена на режимот на сообраќај. Гео...

Советот за етика во медиумите утре во Струмица со дебата за непрофесионално и необјективно известување

Советот за етика во медиумите утре во Струмица со дебата за …

Ное 18, 2019 Вести

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), утре (вторник, 19 ноември), со почеток во 11:00 часот, во хотел „Есперанто“ во Струмица организира...

Приведен струмичанец кој се обидел да силува

Приведен струмичанец кој се обидел да силува

Ное 18, 2019 Вести

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р. (37) од Струмица поради постоење основи на сомнение за обид за силување. „Вчера во раните утрински ча...

Струмица доби Парк за миленици од ЕВН Македонија

Струмица доби Парк за миленици од ЕВН Македонија

Ное 18, 2019 Вести

Со присуството на градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и раководителот на ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица, Александар Трлин, денеска во С...

Утре без електрична енергија дел од корисниците на улицата „11-ти Октомври“ во Струмица

Утре без електрична енергија дел од корисниците на улицата „…

Ное 18, 2019 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (вторник, 19 ноември), во периодот од 09:30 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат кор...

„Тортијада 2019“ со песна и дружење на членовите на „Мобилност“

„Тортијада 2019“ со песна и дружење на членовите на „Мобилно…

Ное 17, 2019 Вести

Синоќа во хотелот „Цар Самуил“ во Банско, кај Струмица по 22-ри пат се одржа манифестацијата „Тортијада 2019“ на лицата со телесен инвалидитет од Маке...