Младите од струмичкото ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на ветените, а нереализирани проекти на градоначалникот

Сабота, 19 Октомври 2019

Унијата на млади сили од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица на денешната прес конференција потсетија на ветените проекти на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, а кои се уште не се реализирани.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Поминува половина од мандатот на локалната власт на СДСМ во Струмица, која со општината управува 15 години, а со државната власт - веќе три години.

И сите можеме да видиме дека повеќето од проектите кои се ветени - не се ниту почнати.

Во делот од програмата за спорт и рекреација, градоначалникот на младите струмичани им ветуваше, но не реализира: обновa на постоjните фудбалски игралишта во населените места каде што активно се спортува, потоа, нови справи на трим патеката, нови игралишта со повеќе намени и игралишта со вештачка трева изградени веднаш до општинското.

Делот од програмата за спортот во засилена соработка со државната Агенција за млади и спорт имаше амбициозен и по малку романтичен наслов: подобар спорт- подобар живот.

Но, она што изненадува непријатно е дека дури и она што е направено не се одржува. Имено, оваа лето можевме да видиме до кој степен се запуштени постојните терени за рекреација во градот и во населените места. Колку е лоша состојбата со велосипедската патека може да види секој.

Колку се оштетени, а не се поправени ниту обновени детските игралишта. Обраснати со трева, без соодветно одржување на хигиена. Денешните млади се сеќават на „детскиот град” во Струмица кој исчезна како приказна од бајките.

Да потсетиме дека струмичани досега придонеа многу за спортско промовирање на нацијата пред целиот свет и заслужуваме Струмица да има пристојни услови за спорт и рекреација. На крај нема да прашаме: каде се ветените монтажни трибини и други пропратни елементи оти е очигледно дека амбициозниот филм подобар спорт - подобар живот, нема да го гледаме во Струмица. Барем не, во годините од мандатот на СДСМ.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица од утре „Секс, лаги и љубомора“, влезниците распродадени

Во Струмица од утре „Секс, лаги и љубомора“, влезниците расп…

Ное 19, 2019 Вести

Нема влезници за двете закажани премиери во среда и четврток на комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, а во режија на Синиша Евтимов, ре...

И Игор Ангелов во балканското ТВ шоу „Никогаш не е доцна“

И Игор Ангелов во балканското ТВ шоу „Никогаш не е доцна“

Ное 18, 2019 Магазин

Познатиот вокален солист од Струмица, професорот од Музичкото училиште „Боро Џони“, Игор Ангелов е дел од балканското музичко ТВ шоу „Никад није касно...

Внимателно возете на патот Струмица – Дабиле, до петок изменет сообраќаен режим

Внимателно возете на патот Струмица – Дабиле, до петок измен…

Ное 18, 2019 Вести

На магистралниот пат Струмица – Дабиле во тек е поставување на сообраќајна сигнализација по што е воведена времена измена на режимот на сообраќај. Гео...

Советот за етика во медиумите утре во Струмица со дебата за непрофесионално и необјективно известување

Советот за етика во медиумите утре во Струмица со дебата за …

Ное 18, 2019 Вести

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), утре (вторник, 19 ноември), со почеток во 11:00 часот, во хотел „Есперанто“ во Струмица организира...

Приведен струмичанец кој се обидел да силува

Приведен струмичанец кој се обидел да силува

Ное 18, 2019 Вести

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р. (37) од Струмица поради постоење основи на сомнение за обид за силување. „Вчера во раните утрински ча...

Струмица доби Парк за миленици од ЕВН Македонија

Струмица доби Парк за миленици од ЕВН Македонија

Ное 18, 2019 Вести

Со присуството на градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и раководителот на ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица, Александар Трлин, денеска во С...

Утре без електрична енергија дел од корисниците на улицата „11-ти Октомври“ во Струмица

Утре без електрична енергија дел од корисниците на улицата „…

Ное 18, 2019 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (вторник, 19 ноември), во периодот од 09:30 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат кор...

„Тортијада 2019“ со песна и дружење на членовите на „Мобилност“

„Тортијада 2019“ со песна и дружење на членовите на „Мобилно…

Ное 17, 2019 Вести

Синоќа во хотелот „Цар Самуил“ во Банско, кај Струмица по 22-ри пат се одржа манифестацијата „Тортијада 2019“ на лицата со телесен инвалидитет од Маке...