Книжевната критичарка, проф. д-р Ана Витанова Рингачева од Струмица е добитник на наградата „Горан Бујиќ“

Петок, 25 Октомври 2019

Книжевната критичарка, есеистка и професорка, д-р Ана Витанова Рингачева од Струмица е добитник на наградата „Горан Бујиќ“ во категоријата за книжевници - новинари надвор од Хрватска, што ја доделува хрватското друштво на писатели и неговиот задарски огранок.

Книжевната награда се организира секоја година на 28 ноември на роденденот на Бујиќ, а годинешното доделување ќе биде во рамките на книжевна вечер на којашто ќе се зборува за делото на Горан Бујиќ, но и за творештвото на наградените автори.

Професорката Витанова Рингачева е дел од уредувачкиот тим на списанијата за литература „Зенит“ и „Современост“. Минатата година наградата „Горан Бујиќ“ во категоријата за млади книжевници – новинари ја доби македонската поетеса и новинарка од Струмица, Сузана Мицева.

Наградата Горан Бујиќ е востановена на иницијатива на книжевната критичарка и професорка Жаклина Кутија, заедно со претседателот на Хрватското книжевно друштво – задарски огранок, Никола Шимиќ – Тонин.

Горан Бујиќ беше поет, критичар, есеист и новинар. Дипломирал компаративна книжевност и филозофија на Филозофскиот факултет во Загреб, Хрватска каде подоцна и магистрирал.

Од првиот ден е соработник во весникот Задарски лист, каде е уредник на културната рубрика и на прилогот Донат. Неговите критики се објавувани во сите значајни хрватски списанија и весници. Починал во 2011 година.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Тешко повреден тракторист, излетал од патот и паднал во дол

Тешко повреден тракторист, излетал од патот и паднал во дол

Авг 10, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 07:30 часот, на шумски пат викан „Безгаштовски пат“, помеѓу Струмица и Берово, на планината Огражден, С.В. (31...

Новозаболен со ковид-19 во Струмица, во последните 24 часа 200 новозаболени во државата

Новозаболен со ковид-19 во Струмица, во последните 24 часа 2…

Авг 08, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа во Македонија, од направените 1828 тестирања, регистрирани се 200 нови лица позитивни на ковид-19, меѓу кои и едно лице во Струм...

СВР Струмица со детали за пожарот во Гечерлија во кој беше опожарена куќа и земјоделска површина

СВР Струмица со детали за пожарот во Гечерлија во кој беше о…

Авг 07, 2020 Вести

СВР Струмица денеска информираше за пожарот кој во средата попладне се случи во селото Гечерлија. Според информацијата, опожарена била куќа во изград...

И годинава по 57-ми пат ќе се одржи Струмичката ликовна колонија, но без странски уметници

И годинава по 57-ми пат ќе се одржи Струмичката ликовна коло…

Авг 07, 2020 Вести

Традиционалната меѓународна Струмичка ликовна колонија и годинава ќе се одржи, но без странските уметници, поради ситуацијата со пандемијата. Ќе учест...

Во Струмица во изминатото деноноќие наврнало најмногу дожд, 62 л/м², попладне невреме со силен ветер и појава на град

Во Струмица во изминатото деноноќие наврнало најмногу дожд, …

Авг 07, 2020 Вести

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Струмица, 62 л/м², во Прилеп 54, Скопје 50, П...

Кире Ричлиев го комплетираше стручниот штаб на ОК „ЏИО Струмица“

Кире Ричлиев го комплетираше стручниот штаб на ОК „ЏИО Струм…

Авг 07, 2020 Вести

Најдобриот тренер во македонската одбојкарска лига, струмичанецот Кире Ричлиев го продолжи договорот за соработка со ОК „ЏИО Струмица“. По потпишув...

Почнува „Струмица ОПЕН фестивал“, годинава со поинаква приказна

Почнува „Струмица ОПЕН фестивал“, годинава со поинаква прика…

Авг 06, 2020 Вести

Во недела започнува деветтото издание на „Струмица ОПЕН фестивал 2020“ и ќе трае до 3 септември. Ќе се реализираат 20 бесплатни настани распоредени во...

„Новус“ со средношколци од Струмица организираа волонтерски кампањи за подигање на свеста кај струмичани за одредени проблеми

„Новус“ со средношколци од Струмица организираа волонтерски …

Авг 06, 2020 Вести

Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица во рамките на проектот „Волонтерство – надеж за иднината“, кој е финансиран од Цивика Мобилитас, о...