Разбиена криминална група од Струмица, која се занимавала со продажба на наркотична дрога „хероин“

Понеделник, 28 Октомври 2019

Засилените активности на МВР за сузбивање на уличната продажба на наркотични дроги продолжуваат, па Одделот за криминалистичка полиција во координирана акција со СВР Струмица, СВР Штип, Одделот за специјални полициски операции и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, разби криминална група од Струмица, која се занимавала со продажба на наркотична дрога „хероин“.

Организатор на криминалната група е В.С. (45) од Струмица, лице со криминално минато, осудуван за тешки кривични дела, како и за недозволена трговија со дрога. Тој организирал набавка на наркотична дрога „хероин“ во количини од половина килограм, која потоа ја препакувал во помали паковки (од еден до пет грама) и ја продавал по цена од 1.300 и 1.500 денари за еден грам на уживатели и дилери од Струмица и Штип.

Во продажбата на дрогата бил инволвиран и Т.К. (49) од село Добрејци, струмичко, кој по добиени насоки од организаторот, „хероинот“ го продавал од неговиот дом во Добрејци на уживатели и дилери.

Во почетокот на октомври 2019 година, во Штип, од страна на полициски службеници е лишен од слобода В.М (33) од Штип, кај кого при личен претрес пронајдена е наркотична дрога „хероин“, која ја купил од В.С. од Струмица, поради што СВР Штип против В.М. поднесе кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ .

На 25 и 26.10.2019 година во Струмица лишени од слобода се шест лица од Струмица за кои во истрагата е утврдено дека купувале наркотична дрога „хероин“ од В.С и Т.К.. При претреси на седум локации во Струмица кај пет лица, меѓу кои и станот кој го користел В.С. во Струмица, пронајдени се околу половина килограм наркотична дрога „хероин“, спакувана во неколку кеси и смеса за мешање, 45.000 денари, 325 евра, а запленети се двепатнички возила, кои биле користени за продажба на хероин.

По завршување на истрагата, СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.С. и Т.К.за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и против П.С. (42) од Струмица, за сторено кривично дело „помагање“ во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Од страна на судија на претходна постапка на В.С и Т.К одреден им е притвор во траење од 30 дена.

Во рамки на стратешкиот приоритет за 2019 година на Министерството за внатрешни работи „борба против недозволената трговија со дрога и оружје“, МВР ќе продолжи со интензивни активности, со посебен акцент на сузбивање на уличната продажба на наркотични дроги.

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела држава

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела …

Сеп 28, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 од кои четворица новозаболени и во Струмица. Починале ч...

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Реп…

Сеп 25, 2020 Вести

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“. Општината Струмица најпрво ги започна градежните активности за решавање на пробле...

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови случаи

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови с…

Сеп 25, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направените 1504 тестирања, регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19, меѓу кои ...

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку Филтер станицата ќе имат прекин на водоснабдувањето од 6 до 17 часот

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека утре (петок, 25 септември), поради чистење на резервоарите на Филтер станицата „Иловица“, ќе има преки...

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на Буџетот за тековната 2020 година

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на …

Сеп 24, 2020 Вести

Денеска се одржа 39-та седница на Советот на општина Струмица на која што беше усвоена предлог-одлуката за измена и дополнување на Буџетот на општина ...

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во Струмица, денеска 14 нови случаи

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19, најмногу во Скопје 58 лица, па следува Струмица со 1...

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна презентација

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна …

Сеп 24, 2020 Вести

Јавното претпријатие за државни патишта ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, спој со А1 во должина од 25 километри. Во петок, 25 септември, с...

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира во Уметничка галерија

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира в…

Сеп 23, 2020 Вести

Започна со реализација проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се врши на просторот под градскиот плош...