Даскаловски ве кани на Трибина на СДСМ во недела, со слоганот „На прав пат“

Петок, 01 Ноември 2019

Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски упати јавна покана до граѓаните на Струмица и струмичко, членовите и симпатизерите на неговата партија, да дојдат на јавната трибина што ќе се одржи во недела од 19:00 часот во Спортската сала „Парк“ во Струмица.

Интегрален текст од прес конференцијата:

„Нашата Струмица од 2005 година чекори по правиот пат, по патот на слободата, демократијата и прогресот. Во изминативе 14 години докажавме дека чекориме исправени и горди, бидејќи такви не прави единствената цел кон која се стремиме-да направиме општина по мерка на сите и општина која секогаш е прва, а сега и држава членка на НАТО и земја која цврсто чекори кон евроинтеграциите, по пат кој носи раст на платите, градежна офанзива и пари назад кај граѓаните.

Затоа, Ве повикувам во што поголем број да дојдете на граѓанската трибина в недела во Салата „Парк“ со почеток во 19 часот и уште еднаш да потврдиме како и многу пати досега дека Струмица знае и може, Струмица мобилизира, Струмица памти, Струмица е на правиот пат!

Почитувани граѓани,

Ние немаме друга алтернатива освен членството во НАТО и ЕУ и не прифаќаме квази сојузи како што најавуваат некои од ВМРО-ДПМНЕ, кои прават се да се врати времето кога државата беше заробена и сите институции беа ставени во функција на сегашната опозиција.

СДСМ започна караван на отворени, јавни трибини со граѓаните под слоганот „На прав пат“ на територијата на целата држава. Задутре караванот ни доаѓа во нашата Струмица и ќе бидеме горди што меѓу нас ќе се премиерот и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, потпаролот на партијата и пратеник, Костадин Костадинов и градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.

Дојдете сите заедно да продолжиме по трасираниот прав пат и сите заедно да докажеме дека цврсто чекориме по него.

Дојдете да дадеме поддршка за политиката и заложбите кои Република Северна Македонија ја движат по прав пат, пат на слободата, правдата, еднаквоста и сигурноста, пат кон ЕУ и НАТО“ – кажа Даскаловски.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Десет дена никаква трага од исчезнатата Марија Брзакова, јавното обвинителство го презема случајот

Десет дена никаква трага од исчезнатата Марија Брзакова, јав…

Јан 28, 2020 Вести

Десет дена се уште нема никаква трага од 28-годишната сопруга и мајка, Марија Брзакова од Босилово, струмичко, која од 18-ти јануари во утринските час...

Велосипедист удрил во жена и побегнал, повредената со тешки телесни повреди е пренесена во болница

Велосипедист удрил во жена и побегнал, повредената со тешки …

Јан 28, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера во 14:00 часот на улицата „Ката Поцкова“ во Струмица велосипед удрил во пешак Ц.Т. (68 години) од Струмица, по што в...

Општина Струмица објави препораки за загадувањето на воздухот по надминување на прагот во два последователни дена

Општина Струмица објави препораки за загадувањето на воздухо…

Јан 27, 2020 Вести

Општина Струмица на својата веб страница објави препораки од градоначалникот Коста Јаневски, во врска со надминување на праг за информирање на граѓани...

„ЏИО Струмица“ ја промовира одбојката во училиштата под покровителство на Европската одбојкарска федерација

„ЏИО Струмица“ ја промовира одбојката во училиштата под покр…

Јан 27, 2020 Вести

Дваесеттина ученици имаа можност да бидат дел од теоретската и практична настава по одбојка во Спортската сала „Партизан“, во организација на Одбојкар...

Одложено рочиштето за последното судење за убиството на струмичанецот чие тело беше фрлено во браната „Турија“

Одложено рочиштето за последното судење за убиството на стру…

Јан 27, 2020 Вести

Последното рочиште од судскиот процес против 54-годишниот Марјанчо Велев од Добрејци, струмичко, кој е обвинет за убиство извршено на 7 мај минатата г...

Изгаснат е пожарот кој зафати реон помеѓу селата Банско и Габрово

Изгаснат е пожарот кој зафати реон помеѓу селата Банско и Га…

Јан 27, 2020 Вести

Пожарот кој вчера избувна меѓу селата Банско и Габрово и зафати површина од еден хектaр целосно е изгаснат синоќа, информираат од Противпожарна единиц...

Застрелан ловџија кај Раборци, со тешки повреди пренесен на клиниката во Скопје

Застрелан ловџија кај Раборци, со тешки повреди пренесен на …

Јан 27, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 08:00 часот на местото викано „Чепели“, атар на село Раборци, струмичко, од ловџиска пушка бил погоден 64-годи...

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспитовско блато

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспит…

Јан 26, 2020 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека денеска напладне избувнал пожар во реонот помеѓу селата Банско и Габрово. Петмина пожарникари...