Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ реагира на заклучените врати на градинките по 8:30 часот

Сабота, 09 Ноември 2019

Ели Панова, член на Советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на прес конференција реагираше на заклучување на вратите на Детските градинки во Струмица по 08:30 часот, кога неколку родители со своите деца останаа пред вратите, без да бидат примени децата за престој во градинката.

„Фамозна одлука прикачена на влезот ЈОУДГ „Детска Радост“ и сите клонови, потпишана од директорот, по укажување на градоначалникот, според која: „Се воведува ред во времето на оставање и земањето на децата во градинките“. Заклучени врати на градинките за родителите кои доцнат и оние кои доаѓаат порано од 16 часот да си ги земат децата“ – кажа Панова.

Таа смета дека никој родител нема против да се воведе ред во работата на градинките. Произволно однесување на родителите не одобрува никој, но сепак, воведувањето ред е проблем и работа на управата и персоналот, а градинките и грижата за децата треба да бидат усогласени со потребата и можноста на родителите во повеќе поединечни случаи.

Панова прашува: „Како тоа наведената Одлука е донесена врз основа на Правилник за стандардите и нормативи, Програма за работа и врз основа на друга Одлука за работно време во чиј текст не можам да најдам такви ограничувања“ – истакна Панова потенцирајќи дека вакво ограничување никако нема и во Законот за заштита на децата.

Советничката Ели Панова на прес конфернција говореше и за проектот „Оброк за секое дете“ на Општина Струмица, како што вели „извиканиот проект“.

„Потенцирам „извикан“, бидејќи сите очекувавме вистински оброк за секое дете. Наместо тоа децата во основните училишта секој ден добиваат по една неспецифицирана јаболка. Да не зборуваме за фактот дека децата треба сами да ја измијат и да ја јадат нелупена. И секој ден - јаболка. Иронично, човек да помисли дека власта има некој посебен респект кон овој продукт, ама видовме како поминаа производителите на јаболка и оваа година“ – кажа Панова.

Таа се обрати до властите, наместо закани, заклучени врати и медиумска промоција со големи зборови, да се зафатат со вистинска работа.

„Обезбедете вистински здрав оброк за секое дете во основните училишта, во градинките подобрете ја хигиената, храната, обезбедете кутии за прва помош, обезбедете повеќе персонал или направете реорганизација на постојниот, но, направете вистинско подобрување на грижата за децата во општина Струмица“ – додаде Панова.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Жителите на Старо Коњарево утре ќе протестират против пробивање пат кај месноста Дебел Бук

Жителите на Старо Коњарево утре ќе протестират против пробив…

Јан 25, 2020 Вести

За утре во 10:00 часот жителите на селото Старо Коњарево, општина Ново Село организираат мирен протест под мотото: „СТОП за смртта на Беласица“. Прек...

Врешкова: Владата за само 2 и пол години успеа да ги испорача резултатите до граѓаните

Врешкова: Владата за само 2 и пол години успеа да ги испорач…

Јан 25, 2020 Вести

„Владата предводена од СДСМ за само две и пол години, многу порано од предвидениот рок, успеа да ги испорача до граѓаните резултатите од своето работе...

Александра Јанева: Да продолжат да се пеат песните на Тоше за да живеат

Александра Јанева: Да продолжат да се пеат песните на Тоше з…

Јан 25, 2020 Магазин

Популарната македонска пејачка, Александра Јанева, деновиве ќе биде македонски претставник на музичката манифестација МАС во Белград. Таа има редовни ...

Кои се најдобрите спортисти и спортски екипи на Струмица за 2019-та

Кои се најдобрите спортисти и спортски екипи на Струмица за …

Јан 25, 2020 Вести

Струмица ги избра најдобрите спортисти за 2019-та година на традиционалната манифестација „Спортист на годината“, која се одржа синоќа во хотелот „Сту...

Одбојкарскиот репрезентативец Ристо Николов најдобар спортист на Струмица за 2019-та

Одбојкарскиот репрезентативец Ристо Николов најдобар спортис…

Јан 25, 2020 Вести

Одбојкарот Ристо Николов од ОК „ЏИО Струмица“ и член на македонската одбојкарска репрезентација е избран за најдобар спортист на Струмица за 2019-та г...

Утре продолжува акцијата за кроење на дрворедите во градот Струмица

Утре продолжува акцијата за кроење на дрворедите во градот С…

Јан 25, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека утре (недела, 26 јануари), продолжуваат со акцијата за кроење на дрворедите во градот Струмица. Се започнува од ...

И ловџиите се вклучија во потрага на 28-годишната Марија Брзакова

И ловџиите се вклучија во потрага на 28-годишната Марија Брз…

Јан 25, 2020 Вести

Утрово од пред општинската зграда на Општина Босилово, голем број ловџии и граѓани се приклучија на полициските службеници во потрага на исчезнатата М...

Фудбалерите на „Академија Пандев“ утре заминуваат на подготовки во Анталија, Турција

Фудбалерите на „Академија Пандев“ утре заминуваат на подгото…

Јан 24, 2020 Вести

Сениорскиот тим на ФК „Академија Пандев“ од Струмица утре заминува на подготовки во Анталија, Турција, каде ќе бидат до 7 февруари. Договорени се пет...