„Тортијада 2019“ со песна и дружење на членовите на „Мобилност“

Недела, 17 Ноември 2019

Синоќа во хотелот „Цар Самуил“ во Банско, кај Струмица по 22-ри пат се одржа манифестацијата „Тортијада 2019“ на лицата со телесен инвалидитет од Македонија.

Единаесет здруженија од единаесет градови во нашата држава, членки на „Мобилност“ на симболичен начин, преку подготовка на торти уште еднаш ја покажаа својата креативност, испраќајки ја пораката дека и тие се вешти, креативни и способни.

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски ја отвори Манифестацијата „Тортијада 2019“, потенцирајќи дека една ваква манифестација заслужува почит, внимание и поддршка од општината, честитајќи им на организаторите за вложениот труд, а на учесниците кои повторно ја покажуваат на дело својата инвентивност, креативност и слаткарска мајсторија, им честиташе за убавите торти.

„Убеден сум дека и овој пат прекрасниот изглед на тортите е во хармонија со неодоливиот вкус“ – им кажа Јаневски.

На настанот традиционално присуствуваше и сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица, а премиерот, кој годинава поради обврски не успеа да присуствува, а ја следи манифестацијата уште од 2005 година кога стана градоначалник на Струмица, на Фејсбук упати порака:

„Во струмичко Банско, уште пред многу години, со Зорица се заложивме дека ќе помагаме и ќе поддржуваме, затоа што само среќа околу нас значи и среќа во секој од нас. Со Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ создадовме традиција од „Тортијадата“ како настан за средби, но и како начин на изразување. Оваа искрена дружба, 22 години по ред е можност да разговараме и за иницијативите со кои го олеснуваме секојдневието и вклучувањето на лицата со пречки во нашето општество“ – напиша Заев.

Велешани годинава направиле највкусна и најубава торта, така одлучи жирито составено од Анче Туфекчиева, Офелија Коџабашија и Босица Крстева. Тортата на Здружението „Мобилност Велес“ беше насловена „Титаник“. Второто место ја освои тортата на Здружението „Мобилност Скопје“, насловена „Вино, музика и љубов“, а третото место за тортата „Буре вино“ на Здружението „Мобилност Гевгелија“. Тортата на Здружението „Мобилност Струмица“, беше прогласена за торта со најубава порака: „И ние можеме да бидеме родители“.

Лицата со телесен инвалидитет потврдувајќи ги своите слаткарски вештини, преку оваа манифестација упатија заедничка порака дека и тие можат и умеат, како и останатите членови на заедницата.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Тешко повреден тракторист, излетал од патот и паднал во дол

Тешко повреден тракторист, излетал од патот и паднал во дол

Авг 10, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 07:30 часот, на шумски пат викан „Безгаштовски пат“, помеѓу Струмица и Берово, на планината Огражден, С.В. (31...

Новозаболен со ковид-19 во Струмица, во последните 24 часа 200 новозаболени во државата

Новозаболен со ковид-19 во Струмица, во последните 24 часа 2…

Авг 08, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа во Македонија, од направените 1828 тестирања, регистрирани се 200 нови лица позитивни на ковид-19, меѓу кои и едно лице во Струм...

СВР Струмица со детали за пожарот во Гечерлија во кој беше опожарена куќа и земјоделска површина

СВР Струмица со детали за пожарот во Гечерлија во кој беше о…

Авг 07, 2020 Вести

СВР Струмица денеска информираше за пожарот кој во средата попладне се случи во селото Гечерлија. Според информацијата, опожарена била куќа во изград...

И годинава по 57-ми пат ќе се одржи Струмичката ликовна колонија, но без странски уметници

И годинава по 57-ми пат ќе се одржи Струмичката ликовна коло…

Авг 07, 2020 Вести

Традиционалната меѓународна Струмичка ликовна колонија и годинава ќе се одржи, но без странските уметници, поради ситуацијата со пандемијата. Ќе учест...

Во Струмица во изминатото деноноќие наврнало најмногу дожд, 62 л/м², попладне невреме со силен ветер и појава на град

Во Струмица во изминатото деноноќие наврнало најмногу дожд, …

Авг 07, 2020 Вести

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Струмица, 62 л/м², во Прилеп 54, Скопје 50, П...

Кире Ричлиев го комплетираше стручниот штаб на ОК „ЏИО Струмица“

Кире Ричлиев го комплетираше стручниот штаб на ОК „ЏИО Струм…

Авг 07, 2020 Вести

Најдобриот тренер во македонската одбојкарска лига, струмичанецот Кире Ричлиев го продолжи договорот за соработка со ОК „ЏИО Струмица“. По потпишув...

Почнува „Струмица ОПЕН фестивал“, годинава со поинаква приказна

Почнува „Струмица ОПЕН фестивал“, годинава со поинаква прика…

Авг 06, 2020 Вести

Во недела започнува деветтото издание на „Струмица ОПЕН фестивал 2020“ и ќе трае до 3 септември. Ќе се реализираат 20 бесплатни настани распоредени во...

„Новус“ со средношколци од Струмица организираа волонтерски кампањи за подигање на свеста кај струмичани за одредени проблеми

„Новус“ со средношколци од Струмица организираа волонтерски …

Авг 06, 2020 Вести

Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица во рамките на проектот „Волонтерство – надеж за иднината“, кој е финансиран од Цивика Мобилитас, о...