Струмица доби Парк за миленици од ЕВН Македонија

Понеделник, 18 Ноември 2019

Со присуството на градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и раководителот на ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица, Александар Трлин, денеска во Струмица беше пуштен во употреба „Парк за миленици“, кој е во рамките на Градскиот парк и се наоѓа на тревниот простор помеѓу стадионот „Благој Истатов“ и Амфитеатарот.

Паркот е ограден, а внатре содржи повеќе видови на реквизити и предмети за забава и дресирање на домашни миленици, како и клупи за седење за сопственици на милениците. За неговото одржување ќе се грижи општината, а градоначалникот истакна дека очекува помош од граѓаните кои ќе го користат паркот, како и здруженијата за заштита на животните во градот.

Реализацијата на проектот ја направија вработени во ЕВН Македонија со волонтерска работа, преку проектот на компанијата „ЕВН Волонтира“, користејќи се со минимални финансиски средства и искористувајќи материјали од секојдневното работење на компанијата. Ова е прв „Парк за миленици“ во Македонија направен од страна на ЕВН Македонија.

„ЕВН Волонтира е проект на ЕВН кој трае повеќе од две години. Спроведени се околу 50 разновидни активности, а денеска за прв пат во склоп на програмата се реализираше идеја за градење на парк за миленичиња. Човечки е да се направи добро дело, а од особена важност е да се направи добро дело за оние на кои им е неопходна човечка рака. Се надевам дека овој парк ќе им послужи на миленичињата и на жителите на Струмица и околината да се забавуваат и да уживаат во секојдневните активности“ – кажа Александар Трлин, раководител на ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица.

Градоначалникот Коста Јаневски истакна дека паркот е плод на успешната соработка со ЕВН и дека овој проект повеќе пати бил баран од граѓаните, односно љубителите на домашни миленици, за да се реализира.

„Тоа е проект кој надополнува уште едно парче во мозаикот на една урбано уредена општина. Ова е еден проект кој што и нашите сограѓани го бараа во повеќе наврати, посебно љубителите на домашни миленичиња бараа еден простор кој ќе им овозможи да поминат убави моменти со своите миленичиња“ - кажа градоначалникот Јаневски.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Неколку населени места во општина Ново Село денеска без струја 12:30 до 15:30 часот

Неколку населени места во општина Ново Село денеска без стру…

Јан 22, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека денеска (среда, 22 јануари), од 12:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат населените мес...

БИРОСЕФ Струмица вработува

БИРОСЕФ Струмица вработува

Јан 22, 2020 Веб Билборд

Компанијата „БИРОСЕФ“ од Струмица има потреба од бравари, електричари и општи работници. За аплицирање испратете CV на info@birosafe.com. Подетални ин...

Сениорската екипа на Пандев подмладена со уште тројца фудбалери од својата школа

Сениорската екипа на Пандев подмладена со уште тројца фудбал…

Јан 21, 2020 Вести

Фудбалскиот клуб „Академија Пандев“ од Струмица информира дека продолжува со потпишување на професионални договори со млади фудбалери кои произлегуваа...

Каролина Дончева од струмичкото СДСМ: Позитивна политика, подобрен семеен буџет

Каролина Дончева од струмичкото СДСМ: Позитивна политика, по…

Јан 21, 2020 Вести

Каролина Дончева, член на Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ во Струмица, вели дека по заслуга на прогресивните политики кои ги спров...

Исчезната 28-годишна жена од Босилово

Исчезната 28-годишна жена од Босилово

Јан 21, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 15 часот во Полициската станица во Струмица, Б.Б. (29) од Босилово пријавил дека од нивниот семеен дом во Боси...

Утрово во Струмица измерени -7 степени, најстудено во Берово -13

Утрово во Струмица измерени -7 степени, најстудено во Берово…

Јан 21, 2020 Вести

Скоро во целата држава утринава температурите се под нулата. Најстудено е во Берово каде се измерени -13 степени, а најтопло во Дојран и Гевгелија кад...

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лиц…

Јан 20, 2020 Вести

Во четврток од 16:00 часот, во Струмица ќе биде отворен специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост, како дел од проектот „И ние постоиме“ на ...

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

Јан 20, 2020 Вести

Утрово околу 05:00 часот во селото Сарај, струмичко, автомобил марка „Опел“ се забил во дрвен електричен столб на ЕВН и направил прекин на електричнат...