Советот за етика во медиумите утре во Струмица со дебата за непрофесионално и необјективно известување

Понеделник, 18 Ноември 2019

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), утре (вторник, 19 ноември), со почеток во 11:00 часот, во хотел „Есперанто“ во Струмица организира дебата „За медиумската саморегулација – предности, предизвици и состојби“.

Претставниците на Советот за етика во медиумите кои ќе присуствуваат на дебатата ќе зборуваат за значењето и перспективите на саморегулацијата, како и за досегашните искуства и практики на ова тело.

Настанот ќе биде искористен и за дискусија за најчестите тенденции на прекршување на стандардите во известувањето, како и за начините на кои дејствува СЕММ во врска со случаите на непрофесионално и неетичко новинарство. Исто така, граѓаните ќе бидат запознаени со механизмот за поднесување жалба до Комисијата за жалби при СЕММ.

СЕММ е здружение на граѓани формирано од повеќе медиуми во 2014 година, а функционално започна со работа во текот на 2015 година. Главната цел на СЕММ е поголем степен на почитување на етичките стандарди во новинарството, како и поедноставен пристап на јавноста (граѓани, институции и правни лица) до медиумите кога ќе се утврди повреда на стандардите на професионално и објективно известување.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Заев од Иловица: Рудник нема да има

Заев од Иловица: Рудник нема да има

Јул 03, 2020 Избори 2020

„Кога во 2016 на Парламентарните избори и во 2017 на Локалните избори ја баравме Вашата поддршка, дадовме збор дека рудници овде нема да има. Денеска ...

Почина Томе Начевски, хармоникашот кој целиот свој живот го посвети на музиката

Почина Томе Начевски, хармоникашот кој целиот свој живот го …

Јул 03, 2020 Вести

Денеска по кратко боледување на 64 години почина познатиот музичар од Струмица, Томе Начевски. Томе со својата хармоника целиот својот живот го посве...

Се проширува Кванташки пазар во Струмица

Се проширува Кванташки пазар во Струмица

Јул 03, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ започна со реконструкција на Кванташкиот пазар во Струмица. Се проширува за 11.600 м². Како што информираше Митко Костов, раководите...

Костадинов: Градежната офанзива продолжува и во новата нормала

Костадинов: Градежната офанзива продолжува и во новата норма…

Јул 03, 2020 Избори 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Костадин Костадинов вели дека се гради низ целата држава, и...

Струмичката компанија „НИПРОМ“ бара работници

Струмичката компанија „НИПРОМ“ бара работници

Јул 02, 2020 Веб Билборд

Струмичката компанија „НИПРОМ“ има потреба од општи работници за работа во погон, со или без работно искуство. Заинтересираните кандидати можат да се ...

Се бара девојка/момче за работа во кафетерија „Мјау Мјау“

Се бара девојка/момче за работа во кафетерија „Мјау Мјау“

Јул 02, 2020 Веб Билборд

Се бара девојка/момче за работа во кафетерија „Мјау Мјау“ во Струмица. Повеќе информации на: 075/518-653...

Новозаболено лице од Ковид-19 во Струмица, во цела држава денеска се регистрирани 173 нови случаи

Новозаболено лице од Ковид-19 во Струмица, во цела држава де…

Јул 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на ковид-19, меѓу кои и едно лице во Струмица, односно 53-годишна...

Заев од Ново Село: Во следниот мандат со 200 милиони евра годишно поддршка во земјоделството

Заев од Ново Село: Во следниот мандат со 200 милиони евра го…

Јул 02, 2020 Избори 2020

Денеска во Ново Село го искористивме пазарниот ден да разговараме со земјоделците, со пазарџиите, со трговците и пред нив да ја презентираме нашата по...