Испечатете ја страната

Во Струмица од утре „Секс, лаги и љубомора“, влезниците распродадени

Вторник, 19 Ноември 2019

Нема влезници за двете закажани премиери во среда и четврток на комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, а во режија на Синиша Евтимов, речиси нема ниту за третата изведба во петок.

Струмичкиот народен театар „Антон Панов“ во годината на 70-годишниот јубилеј од своето постоење, само со најавата веќе направи бум со претставата „Секс, лаги и љубомора“, барем по распродадените влезници, иако се уште никој не ја видел за да ја раскажува, освен театарската екипа.

Станува збор за текст напишан во 60-тите години од минатиот век и до денешен ден и повеќе од успешно живее на сцените ширум светот. Авторот Марк Камолети, како легитимен наследник на Фејдо, совршено ја владее структурата на комедијата на ситуации. Заплетот е многу едноставен и е проектиран, околу животите на два современи брачни парови, кој се испреплетени на необичен начин. Емоционална вртелешка, полна со интриги, замени на идентитет, инуендо, љубомора.

Приказната се развива со филмски ритам, на едно единствено место, раскошниот апартман на еден од брачните парови, успешни и реализирани луѓе, на професионален план, но емоционално, сосема незрели, па оттаму и проблемите кои се напластуваат.

Несуден диригент на оваа лакрдија е куќната помошничка, која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа. Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта. За ведрата страна на животот, за оние мали искри во секој од нас, кои го стартуваат „joie de vivre”.

Улогите во комедијата „Секс, лаги и љубомора“ ги играат младите актери на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица, Анкица Бенинова, Јулија Милкова, Стојан Велков Трн, Коста Ангов, Танкица Стојанова и Јасмина Вучкова.

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела држава

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела …

Сеп 28, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 од кои четворица новозаболени и во Струмица. Починале ч...

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Реп…

Сеп 25, 2020 Вести

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“. Општината Струмица најпрво ги започна градежните активности за решавање на пробле...

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови случаи

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови с…

Сеп 25, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направените 1504 тестирања, регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19, меѓу кои ...

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку Филтер станицата ќе имат прекин на водоснабдувањето од 6 до 17 часот

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека утре (петок, 25 септември), поради чистење на резервоарите на Филтер станицата „Иловица“, ќе има преки...

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на Буџетот за тековната 2020 година

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на …

Сеп 24, 2020 Вести

Денеска се одржа 39-та седница на Советот на општина Струмица на која што беше усвоена предлог-одлуката за измена и дополнување на Буџетот на општина ...

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во Струмица, денеска 14 нови случаи

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19, најмногу во Скопје 58 лица, па следува Струмица со 1...

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна презентација

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна …

Сеп 24, 2020 Вести

Јавното претпријатие за државни патишта ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, спој со А1 во должина од 25 километри. Во петок, 25 септември, с...

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира во Уметничка галерија

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира в…

Сеп 23, 2020 Вести

Започна со реализација проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се врши на просторот под градскиот плош...