Ирена Бабамова – Стојчева член на Советот на Општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, денеска во присуство на колегите советниците од нејзината коалиција во Советот, имаше обраќање на кое говореше за загадувањето на воздухот во градот Струмица и побара од локалната власт, повеќе општински пари да се пренасочуваат кон решавање на овој проблем.
Интегрален текст од обраќањето на Ирена Бабамова - Стојчева
Почитувани граѓани,
Работата на локалната самоуправа е вашите пари собрани преку даноците и давачките кои ги плаќате постојано – најдирекно да ви се вратат назад, со вложување во проекти за подобрување на квалитетот на вашиот живот.
Ќе се сложите дека нема поважно прашање од животот на луѓето. Истражувања покажуваат дека загадениот воздух предизвикува редица аномалии и болести, од респираторни, срцеви, невролошки… листата е долга.
Струмица денес е еден од најзагадените градови во рамки на државата и често се наоѓа на врвот по загаденост во европски, па и во светски рамки. Опкружени сме со постојани чадови, во сите нијанси од бело до црно. На таквата алармантна ситуација, процентот на реализација на програмата за животна средина на локалната самоуправа, според последниот квартален извештај е само 9 проценти.
Загадувањето во нормалните општества е класифицирано како ризик по националната безбедност, а статистиката покажува дека околу 3500 луѓе годишно или 17000 лица во Република Македонија починале како резултат на аерозагадувањето во последните години. Изразено во урбани размери, оваа бројка е еднаква на бројот на жители на една помала општина.
Дали навистина домаќинствата се најголемиот загадувач на територија на општината?
Ако се има предвид дека во повеќе наврати се регистрирани последователни денови со енромно присуство на ПМ10 честички во воздухот вон грејната сезона – кој загадува во меѓувреме?
Дали парцијалното субвенционирањето за приклучок кон гасоводната мрежа е доволно да ги поттикне граѓаните да се приклучат, кога цената на гасот е неисплатлива, а населенитето не може да издвои толкави суми да инсталира таков систем дома?
Зошто не се субвенционираат други алтернативни начини на греење со општинските пари, како купување печки на пелети, инвертери, соларни панели?
Дали доволно ефикасно се детектираат и санкционираат загадувачите кои палат отпадок, пластика, кабли и друг материјал?
Дали филтрите на индустриските капацитети работат ефикасно?
Почитувани граѓани,
Сериозните анализи покажуваат дека борбата со загадувањето не се решава парцијално и не е проблем што е присутен само во грејната сезона. Само за потсетување, за pm10 дозволени се 35 дена во годината над 50 μg/m3, а според СЗО годишниот просек не смее да е над 20 μg/m3.
Состојбата во Струмица е загрижувачка, и како советници сметаме дека општинските пари да се насочат кон:
– субвенционирање на алтернативни начин на греење во домаќинствата, градинките, училиштата, здравствените и административните објекти
– енергетска ефикасност и кај домаќинства и кај јавни објекти
– воведување јавен превоз
– зелени ѕидови во градинките и училиштата
– инсталирање и за филтри во малите и средни фирми од дрвната и друг вид индустрија
– решавање на дивите населби, палењето на кабли, гуми, пластика и друг отпадок
– зголемен број на инспекции, постојано достапни и присутни на терен,
– дронови со термалните камери, низ цела година,
– поставени камери на хроничните жаришта каде постојано се фрла и се пали отпад
– проширени мониторинг станици кои ги мерат сите загадувачи континуирано
– градежни зони според стандарди и редовна инспекција
и редица други системски мерки.
Почитувани граѓани,
Како советници, сакаме да ви потенцираме дека иако нашата работа веќе подолго време не се пренесува на телевизиските и другите медиуми, на сите седници кога на дневен ред е поставено ова прашање, постојано бараме отчет и како и сега нудиме конструктивни решенија со цел да го заштитиме правото на чист воздух, а каква што е состојбата – и правото на живот.
.
.
Дек 13, 2019 Вести
Пет лица од струмичките села Муртино и Банско се лишени од слобода под сомневање дека се инволиврани во шверц со мигранти. Како што информират од СВР ...
Дек 13, 2019 Магазин
Вечерва од 20:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица познатите интернационални музички состави од Бугарија Intelligent Music projec...
Дек 12, 2019 Вести
Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска во селото Куклиш го пуштија во...
Дек 12, 2019 Вести
Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Александар Донев и денеска одржа прес конференција, упатувајќи неколку прашања до град...
Дек 12, 2019 Магазин
Вечерва завршуваат активностите по повод патрониот празник на градот Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици со концерт на Ленче и ...
Дек 12, 2019 Вести
Струмица ќе го добие првиот Дом за стари лица. Познатиот угостителски комплекс „Цареви кули“ над Струмица се реновира во Дневен центар за стари лица, ...
Дек 12, 2019 Вести
Во Индустриската зона кај Василево вчера околу 18:00 часот е лишен од слобода М.О. (41) од скопско Зелениково, во чие товарно моторно возило полицијат...
Дек 11, 2019 Вести
Тимот на Јувентус до 19 години изминатите месеци учествува на Младинската лига на УЕФА, а во екипата на „старата дама“ игра и Никола Секулов, по потек...