ФОТО/ВИДЕО: Во Струмица отворен повеќенаменски Социјален центар

Петок, 22 Ноември 2019

Од денеска во поранешните простории на касарната во Струмица ставен во функција повеќенаменски Социјален центар, прв од ваков вид во државата, кој е донација од Владата на Република Бугарија.

Социјалниот центар опфаќа канцеларии за развивање на сервисни услуги за образовни асистенти, за лични асистенти на лица со попреченост, за поддршка на лица зависници од психоактивни супстанци, за стари лица, лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуална попреченост, за деца и младинци со пречки во говорот, аутизам и Даунов синдром, за помош и експертска поддршка на социјалните сервиси, како и повеќенаменски простор за заедничко вмрежување, размена на знаења и искуства и покренување на иницијативи и активности.

Преку овој Социјален центар ќе се создава механизми за институционална соработка помеѓу Општина Струмица и граѓанскиот сектор од социјалната сфера, како и социјална инклузија на граѓаните од ранливата категорија.

Проектот е реализиран со донаторска помош од Владата на Република Бугарија, преку Среднорочната програма за развој и хуманитарна помош (2016-2019), а вредноста на донацијата изнесува 138.000 евра. Имплементатор на проектот е Општина Струмица преку Одделението за меѓународна соработка и европски фондови.

Покрај претставниците на здруженијата, на промоцијата присуствуваа и градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, генералниот конзул на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Димитар Иванов, државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, пратеничката Катерина Кузмановска и членови на Советот на општина Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Заев од Иловица: Рудник нема да има

Заев од Иловица: Рудник нема да има

Јул 03, 2020 Избори 2020

„Кога во 2016 на Парламентарните избори и во 2017 на Локалните избори ја баравме Вашата поддршка, дадовме збор дека рудници овде нема да има. Денеска ...

Почина Томе Начевски, хармоникашот кој целиот свој живот го посвети на музиката

Почина Томе Начевски, хармоникашот кој целиот свој живот го …

Јул 03, 2020 Вести

Денеска по кратко боледување на 64 години почина познатиот музичар од Струмица, Томе Начевски. Томе со својата хармоника целиот својот живот го посве...

Се проширува Кванташки пазар во Струмица

Се проширува Кванташки пазар во Струмица

Јул 03, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ започна со реконструкција на Кванташкиот пазар во Струмица. Се проширува за 11.600 м². Како што информираше Митко Костов, раководите...

Костадинов: Градежната офанзива продолжува и во новата нормала

Костадинов: Градежната офанзива продолжува и во новата норма…

Јул 03, 2020 Избори 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Костадин Костадинов вели дека се гради низ целата држава, и...

Струмичката компанија „НИПРОМ“ бара работници

Струмичката компанија „НИПРОМ“ бара работници

Јул 02, 2020 Веб Билборд

Струмичката компанија „НИПРОМ“ има потреба од општи работници за работа во погон, со или без работно искуство. Заинтересираните кандидати можат да се ...

Се бара девојка/момче за работа во кафетерија „Мјау Мјау“

Се бара девојка/момче за работа во кафетерија „Мјау Мјау“

Јул 02, 2020 Веб Билборд

Се бара девојка/момче за работа во кафетерија „Мјау Мјау“ во Струмица. Повеќе информации на: 075/518-653...

Новозаболено лице од Ковид-19 во Струмица, во цела држава денеска се регистрирани 173 нови случаи

Новозаболено лице од Ковид-19 во Струмица, во цела држава де…

Јул 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на ковид-19, меѓу кои и едно лице во Струмица, односно 53-годишна...

Заев од Ново Село: Во следниот мандат со 200 милиони евра годишно поддршка во земјоделството

Заев од Ново Село: Во следниот мандат со 200 милиони евра го…

Јул 02, 2020 Избори 2020

Денеска во Ново Село го искористивме пазарниот ден да разговараме со земјоделците, со пазарџиите, со трговците и пред нив да ја презентираме нашата по...