Младите со интелектуална попреченост од „ПОРАКА“ ќе го одбележат светскиот Ден на лицата со попреченост

Понеделник, 02 Декември 2019

Под мотото „МОЈА – ТВОЈА – НАША БОЈА!“, Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ од Струмица утре (вторник, 3 декември), во Дом на АРМ во Струмица со почеток од 18:00 часот, организира хуманитарна манифестација по повод одбележување на 3-ти декември – меѓународниот Ден на лицата со попреченост.

На хуманитарната манифестација ќе бидат претставени боенките кои ги изработија членовите на ЦПЛИП – ПОРАКА, во рамките на проектот, како и креации од серијата креативни работилници кои ЦПЛИП - ПОРАКА Струмица ги реализираше во текот на 2019 година, дел од Годишната програма.

Присутните гости на манифестацијата, за симболична сума, ќе можат да ги купуваат боенките, ракотворбите и украсите, а парите собрани од продажбата на креациите ќе бидат искористени за опремување на Социјалниот Клуб на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица со потребните дидактички материјали за натамошна работа.

На манифестацијата, ученици од општинските основни училишта ќе се претстават со рецитали, мини драми за еднаквоста на децата, во кои вклучени ќе бидат и членови на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица, односно и лица со интелектуална попреченост, со што ќе се пренесе порака за еднаквост, заедништво и потребата од поглема инклузија во сите пори на општеството.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во петок во Струмица танцовата претстава „Пепелашка“ во изведба на лица со попреченост

Во петок во Струмица танцовата претстава „Пепелашка“ во изве…

Фев 18, 2020 Вести

По успешната премиера во април и реприза во септември 2019 година во Националната Опера и Балет во Скопје, изведба пред публиката во Гевгелија, Штип, ...

Во сабота Дани Димитровска со Симфониски оркестар во Струмица

Во сабота Дани Димитровска со Симфониски оркестар во Струмиц…

Фев 18, 2020 Магазин

21 година е на македонската музичка сцена… Нејзиното име, цели две децении е единствена асоцијација за македонска поп-рок дива. Таа ги пее „Срца две”...

Кривична за тројца струмичани, со остар предмет се заканувале на полицајци, кои со пукање во воздух ги предупредиле

Кривична за тројца струмичани, со остар предмет се заканувал…

Фев 18, 2020 Вести

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.А. (35), С.Х. (21) и К.Х. (23), тројцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кри...

Струмичките одбојкари со убедлива победа над „УГД Штип“

Струмичките одбојкари со убедлива победа над „УГД Штип“

Фев 17, 2020 Вести

Вечерва во Спортската сала „Парк“ во Струмица, одбојкарите на „ЏИО Струмица“ ја запишаа осмата победа во машкиот одбојкарски шампионат на Македонија. ...

Се бара фризер за партнерство во Фризерско-козметичко студио

Се бара фризер за партнерство во Фризерско-козметичко студио

Фев 17, 2020 Веб Билборд

Разработено Фризерско-козметичко студио има потреба од фризер со работно искуство за партнерство во работата и делење на сите трошкови. Подетални инфо...

И тие умеат да пеат, да бидат забавни, со верба во себе, надеж и љубов, лица со попреченост настапија на првиот музички хепенинг

И тие умеат да пеат, да бидат забавни, со верба во себе, над…

Фев 17, 2020 Магазин

Полна сала со народ, дојдоа да ги храбрат 12-мината млади лица, кои иако со попреченост покажаа дека нема место за било какви препреки во нашето опште...

Фабрика за производство на мебел од Струмица бара работници

Фабрика за производство на мебел од Струмица бара работници

Фев 17, 2020 Веб Билборд

Фабрика за производство на мебел од Струмица има потреба од двајца монтери со работно искуство и еден работник за работа на C.N.C. машина. Подетални и...

„ЏИО Струмица“ го победи лидерот во албанското одбојкарско првенство „Ерзени Шијак“

„ЏИО Струмица“ го победи лидерот во албанското одбојкарско п…

Фев 17, 2020 Вести

Во сабота и недела одбојкарите на Струмица беа домаќини на најдобрата албанска одбојкарска екипа „Ерзени Шијак“ од Драч, со која одиграа два пријателс...