Сречко Гунчев постави изложба на фотографии создадени преку неговиот објектив

Среда, 11 Декември 2019

Од синоќа во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, познатиот струмички фотограф, Сречко Гунчев постави изложба на негови 40 фотографии, создадени во изминатите 40 години.

„Ова е моја петта самостојна изложба по повод мтри моиои три јубилеи кои ги славам ова година, и тоа, 60 години од моето раѓање, 30 години дружење со фотографијата и 25 години како вработен во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица. На изложбата се застапени фотографии на различни теми, од пејзажи, градот Струмица, инсекти, портрети црно-бела фотографија, улична фотографија, мртва природа, овошки и разни други теми“ – кажа Сречко Гунчев.

Изложбата е во рамките на одбележувањето на патрониот празник на градот Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, а ја отвори градоначалникот на Струмица, Коста Јaневски.

Сречко Гунчев е самостоен фотограф, вработен во Центарот за култура во Струмица. Од почетокот на своето вработување во 1994 година, па до денес, ги има фотографирано сите театарски претстави и културни настани кои се одржуваат во оваа национална установа.

Секоја година тој ги овековечува со фотографии и Струмичкиот карневал, Фестивалот за камерен театар „Ристо Шишков“, „Струмица Опен фестивал“ и многу други културни, забавни и спортски настани.

Неговите фотографии се користени за изработка на плакати, флаери, каталози, монографии и слично. Неговата посветена работа е признаена и наградена во 2017 година со доделување на Годишната општинска награда „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“. Досега има учествувано на повеќе групни, но и самостојни изложби.

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна година

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна год…

Сеп 29, 2020 Вести

Во скоро сите училишта, во текот на летниот период беа реализирани активности за подобрување на условите за реализација на воспитно-образовниот процес...

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздравени четворица

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздр…

Сеп 29, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направените 1372 тестирања, регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19, од кои 11 и во Струмица. Во болнички услови починаа...

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на АРМ, дел од нив се со полесни повреди

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на…

Сеп 29, 2020 Вести

Утринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица - Штип, кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници на АРМ. Како што соопштуваат ...

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела држава

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела …

Сеп 28, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 од кои четворица новозаболени и во Струмица. Починале ч...

ФФМ започна со изградба на модерен терен со вештачка трева во Струмица

ФФМ започна со изградба на модерен терен со вештачка трева в…

Сеп 28, 2020 Вести

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „Hat Trick III“ програмата за подобрување на фудбалска инфраструктура започна со изгра...

13-годишно момче од Струмица за два месеци направил кривична дела колку што ги има годините, полицијата најави поднесок до обвинителството

13-годишно момче од Струмица за два месеци направил кривична…

Сеп 27, 2020 Вести

СВР Струмица – Отсекот за општ криминалитет до Основно јавно обвинителство во Струмица ќе поднесе соодветен поднесок против 13-годишно момче од Струми...

Заев: Со пакетот 4 економски мерки вреден 470 милиони евра обезбедуваме одржливост на домашните економски дејности и на работните места

Заев: Со пакетот 4 економски мерки вреден 470 милиони евра о…

Сеп 27, 2020 Вести

Премиерот Зоран Заев, одржа прес-конференција на која беше презентиран четвртиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на К...

Уапсени пет лица во Струмица, полицијата кај нив пронашла дрога

Уапсени пет лица во Струмица, полицијата кај нив пронашла др…

Сеп 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вчера во 23:00 часот во СВР Струмица биле лишени од слобода И.Л.Б. (19), Ј.К. (20), Ј.П. (26), Г.М. (22) и Ф.М. (22), сите од Струмица, затоа што кај ...