Младиот Никола Секулов постигна гол за Јувентус во Младинската лига на УЕФА

Среда, 11 Декември 2019

Тимот на Јувентус до 19 години изминатите месеци учествува на Младинската лига на УЕФА, а во екипата на „старата дама“ игра и Никола Секулов, по потекло од Струмица, кој е роден и живее во Италија, и веќе е познат на македонската јавност како талентиран фудбалер.

Екипата на италијанскиот клуб има одлични резултати во лигата и веќе си обезбеди место во рундата од 16 клубови, во која ќе треба да се бори за влез во четврт-финале.

Екипата на Секулов престојуваше во Германија, каде младинците на „старата дама“ вчера го одиграа шестото коло против Бајер Леверкузен. Момците на Заули, како што се вели во соопштението на Јувентус, и покрај квалификацијата, излегоа на терен со желба да победат и да ја водат играта. „Уште во првите десет минути Раночија, Секулов и Сене се обидуваа да го сторат токму тоа“.

Младиот струмичанец ја имаше довербата на тренерот и го одигра целиот натпревар. Младинците на Јувентус успешно ја држеа играта во свои раце и го срамнија тимот на Бајер Леверкузен со огромна победа од 0-5.

Во голот на германскиот клуб во 67-ма минута успешно стрелаше и Никола Секулов, кој по одлична лична акција, го потврди водството на бјанконерите со 0-4. Ова претставува успешно враќање на Секулов по неговата пауза од околу еден месец поради повреда.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Велосипедист удрил во жена и побегнал, повредената со тешки телесни повреди е пренесена во болница

Велосипедист удрил во жена и побегнал, повредената со тешки …

Јан 28, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера во 14:00 часот на улицата „Ката Поцкова“ во Струмица велосипед удрил во пешак Ц.Т. (68 години) од Струмица, по што в...

Општина Струмица објави препораки за загадувањето на воздухот по надминување на прагот во два последователни дена

Општина Струмица објави препораки за загадувањето на воздухо…

Јан 27, 2020 Вести

Општина Струмица на својата веб страница објави препораки од градоначалникот Коста Јаневски, во врска со надминување на праг за информирање на граѓани...

„ЏИО Струмица“ ја промовира одбојката во училиштата под покровителство на Европската одбојкарска федерација

„ЏИО Струмица“ ја промовира одбојката во училиштата под покр…

Јан 27, 2020 Вести

Дваесеттина ученици имаа можност да бидат дел од теоретската и практична настава по одбојка во Спортската сала „Партизан“, во организација на Одбојкар...

Одложено рочиштето за последното судење за убиството на струмичанецот чие тело беше фрлено во браната „Турија“

Одложено рочиштето за последното судење за убиството на стру…

Јан 27, 2020 Вести

Последното рочиште од судскиот процес против 54-годишниот Марјанчо Велев од Добрејци, струмичко, кој е обвинет за убиство извршено на 7 мај минатата г...

Изгаснат е пожарот кој зафати реон помеѓу селата Банско и Габрово

Изгаснат е пожарот кој зафати реон помеѓу селата Банско и Га…

Јан 27, 2020 Вести

Пожарот кој вчера избувна меѓу селата Банско и Габрово и зафати површина од еден хектaр целосно е изгаснат синоќа, информираат од Противпожарна единиц...

Застрелан ловџија кај Раборци, со тешки повреди пренесен на клиниката во Скопје

Застрелан ловџија кај Раборци, со тешки повреди пренесен на …

Јан 27, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 08:00 часот на местото викано „Чепели“, атар на село Раборци, струмичко, од ловџиска пушка бил погоден 64-годи...

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспитовско блато

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспит…

Јан 26, 2020 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека денеска напладне избувнал пожар во реонот помеѓу селата Банско и Габрово. Петмина пожарникари...

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и пробивање на шумски пат

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и проби…

Јан 26, 2020 Вести

Педесеттина граѓани денеска се собраа на сретсело во Старо Коњарево за да го искажат нивното несогласување со изградбата на шумски пат за сеча на огре...