Пуштена во употреба Детската градинка во селото Куклиш

Четврток, 12 Декември 2019

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска во селото Куклиш го пуштија во употреба објектот на новата Детска градинка, која ќе работи во рамките на ЈОУ Детски градинки „Детска Радост“ од Струмица.

Просторниот капацитет на објектот е димензиониран за 60 дечиња, а средствата за уредување се обезбедени преку ИПА Програмата на Европската Унија и од Буџетот на општина Струмица.

„Со посебно задоволство сум денеска во населеното место Куклиш, со цел да ја предадеме во употреба новата детска градинка, наменета за предучилишно образование и ран детски развој за децата од населеното место Куклиш. Со отварањето на градинки во населените места имаме за цел да создадеме еднаков пристап до предучишно образование за децата во градот и во населените места“ – кажа градоначалникот Коста Јаневски.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, вели дека Министерството и локалните самоуправи посветено работат на зголемување на капацитетите во детската заштита, а со тоа се инвестира во раниот детски развој и во иднината на нашата држава.

„За идната година во Буџетот издвоивме 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градини, а изминатите две и пол години инвестиравме над 180 милиони денари во вкупно 43 градинки”, кажа министерката Мила Царовска.

Таа информираше дека освен што се зголемуваат капацитетите, се работи и на јакнење на кадарот којшто се грижи и ги воспитува децата. Само за една година, додаде таа, платите на вработените во градинките се зголемени за 21%.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица повторно ќе се доделуваат 37 нови станови за социјални семејства, пријавувањето ќе трае до 15 април

Во Струмица повторно ќе се доделуваат 37 нови станови за соц…

Фев 19, 2020 Вести

Струмичани од најранливите категории на граѓани од денеска до 15 април можат да аплицираат на огласот за распределба на 37 социјални станови во Струми...

Откриени петмина мигранти кај Робово

Откриени петмина мигранти кај Робово

Фев 19, 2020 Вести

Синоќа околу 20:00 часот на влезот во селото Робово, струмичко, во товарно возило „Ивеко фургон“, со скопски регистарски ознаки, полициски службеници ...

Грипот ги празни училиштата во Струмица, над 1000 ученици отсуствуваа од настава поради сезонски грип

Грипот ги празни училиштата во Струмица, над 1000 ученици от…

Фев 19, 2020 Вести

Поради сезонскиот грип многу ученици од основните и средните училишта на територијата на општина Струмица отсуствуваат од настава. Дури 1096 ученици ...

Во петок во Струмица танцовата претстава „Пепелашка“ во изведба на лица со попреченост

Во петок во Струмица танцовата претстава „Пепелашка“ во изве…

Фев 18, 2020 Вести

По успешната премиера во април и реприза во септември 2019 година во Националната Опера и Балет во Скопје, изведба пред публиката во Гевгелија, Штип, ...

Во сабота Дани Димитровска со Симфониски оркестар во Струмица

Во сабота Дани Димитровска со Симфониски оркестар во Струмиц…

Фев 18, 2020 Магазин

21 година е на македонската музичка сцена… Нејзиното име, цели две децении е единствена асоцијација за македонска поп-рок дива. Таа ги пее „Срца две”...

Кривична за тројца струмичани, со остар предмет се заканувале на полицајци, кои со пукање во воздух ги предупредиле

Кривична за тројца струмичани, со остар предмет се заканувал…

Фев 18, 2020 Вести

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.А. (35), С.Х. (21) и К.Х. (23), тројцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кри...

Струмичките одбојкари со убедлива победа над „УГД Штип“

Струмичките одбојкари со убедлива победа над „УГД Штип“

Фев 17, 2020 Вести

Вечерва во Спортската сала „Парк“ во Струмица, одбојкарите на „ЏИО Струмица“ ја запишаа осмата победа во машкиот одбојкарски шампионат на Македонија. ...

Се бара фризер за партнерство во Фризерско-козметичко студио

Се бара фризер за партнерство во Фризерско-козметичко студио

Фев 17, 2020 Веб Билборд

Разработено Фризерско-козметичко студио има потреба од фризер со работно искуство за партнерство во работата и делење на сите трошкови. Подетални инфо...