Се играше, се пееше, а публиката уживаше во прекрасните кореографии на играорците на „Тримери“

Недела, 15 Декември 2019

Ора и песни се слушаа од Домот на АРМ во Струмица, се играше, се пееше, а публиката уживаше во прекрасните кореографии на младите играорци од Ансамблот за народни песни и ора „Тримери“ од Струмица, кои го одржаа традиционалниот Годишен концерт.

80-тина млади членови на овој реномиран ансамбл, а на сцената ги имаше од најмалото, најмалата играорка со само 5 години, до помладите 20-тина години, со прекрасните кореографии со различни традиции и обичаи од Македонија, токму преку традиционалните ора и песни, направија одличен концерт во пресрет на убавите празници кои ни доаѓаат.

Но не играа само „тримерците“, туку и нивните гости од КУД „Сушевски бисери“, и публиката во преполнетата сала, кога на крајот играорците слегоа од сцената и ја заиграа химната на Ансамблот „Тримери“. На сцената се појави и оркестарот на ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица, под раководство на наставничката Милена Ристовска и талентираниот вокал, струмичанката Славица Ангелова.

Долгите аплаузи од публиката на секое оро, за нив беше најдобрата награда и признание на нивниот труд што го вложуваат за секој концерт.

Ансамблот „Тримери“, кој постои повеќе од 12 години се вбројува меѓу еден од најдобрите во Македонија, имајќи ги во предвид многубројните настапи во Македонија и дури 40-тина настапи низ Европа, како и многу награди и признанија.

Со успешните настапи во странство и презентирањето на македонскиот фолклор, Ансамблот „Тримери“ е амбасадор на македонската култура во странство, но и амбасадор и одличен промотор на Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Грипот ги празни училиштата во Струмица, над 1000 ученици отсуствуваа од настава поради сезонски грип

Грипот ги празни училиштата во Струмица, над 1000 ученици от…

Фев 19, 2020 Вести

Поради сезонскиот грип многу ученици од основните и средните училишта на територијата на општина Струмица отсуствуваат од настава. Дури 1096 ученици ...

Во петок во Струмица танцовата претстава „Пепелашка“ во изведба на лица со попреченост

Во петок во Струмица танцовата претстава „Пепелашка“ во изве…

Фев 18, 2020 Вести

По успешната премиера во април и реприза во септември 2019 година во Националната Опера и Балет во Скопје, изведба пред публиката во Гевгелија, Штип, ...

Во сабота Дани Димитровска со Симфониски оркестар во Струмица

Во сабота Дани Димитровска со Симфониски оркестар во Струмиц…

Фев 18, 2020 Магазин

21 година е на македонската музичка сцена… Нејзиното име, цели две децении е единствена асоцијација за македонска поп-рок дива. Таа ги пее „Срца две”...

Кривична за тројца струмичани, со остар предмет се заканувале на полицајци, кои со пукање во воздух ги предупредиле

Кривична за тројца струмичани, со остар предмет се заканувал…

Фев 18, 2020 Вести

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.А. (35), С.Х. (21) и К.Х. (23), тројцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кри...

Струмичките одбојкари со убедлива победа над „УГД Штип“

Струмичките одбојкари со убедлива победа над „УГД Штип“

Фев 17, 2020 Вести

Вечерва во Спортската сала „Парк“ во Струмица, одбојкарите на „ЏИО Струмица“ ја запишаа осмата победа во машкиот одбојкарски шампионат на Македонија. ...

Се бара фризер за партнерство во Фризерско-козметичко студио

Се бара фризер за партнерство во Фризерско-козметичко студио

Фев 17, 2020 Веб Билборд

Разработено Фризерско-козметичко студио има потреба од фризер со работно искуство за партнерство во работата и делење на сите трошкови. Подетални инфо...

И тие умеат да пеат, да бидат забавни, со верба во себе, надеж и љубов, лица со попреченост настапија на првиот музички хепенинг

И тие умеат да пеат, да бидат забавни, со верба во себе, над…

Фев 17, 2020 Магазин

Полна сала со народ, дојдоа да ги храбрат 12-мината млади лица, кои иако со попреченост покажаа дека нема место за било какви препреки во нашето опште...

Фабрика за производство на мебел од Струмица бара работници

Фабрика за производство на мебел од Струмица бара работници

Фев 17, 2020 Веб Билборд

Фабрика за производство на мебел од Струмица има потреба од двајца монтери со работно искуство и еден работник за работа на C.N.C. машина. Подетални и...