Ангел Атанасов стана Лидер во градежно-геодетска струка на натпреварот „ЛИДЕР на струка 2019“

Петок, 13 Декември 2019

Ученикот Ангел Атанасов од IV8 клас при СОУ „Никола Карев“ во Струмица го освои првото место, под менторство на Иванка Стоилова и Ристо Тасев и со тоа стана Лидер во градежно-геодетска струка на Меѓуучилишните натпревари за избор на најдобар ученик „ЛИДЕР на струка 2019“, за ученици од завршните години во средното стручно образование во нашата држава, кои се одржаа минатата недела во Скопје и Кочани.

Од електротехничката струка ученикот Васил Павлов од IV7 клас, профил електротехничар енергетичар, под менторство на професорите Марија Мучева Георгиева и Ѓорги Данчев го освои второто место. Ученичката Македонка Василева од IV6 клас, профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика, под менторство на професорите Бошко Николов и Борислав Манчев доби пофалница со висок број на поени.

Од машинската струка ученикот Томе Чрчев, ученик во IV3 клас, профил автотехничар мехатроничар, под менторство на професорите Архелос Туранов и Боро Чукарски го освои третото место и ученикот Иле Костадинов од IV2 клас, профил техничар за компјутерско управување, под менторство на професорите Наталија Мишовска Стоилкова и Наце Манушев го освои третото место.

Од сообраќајната струка Пепи Илиев од IV5 клас, профил техничар за транспорт и шпедиција, под менторство на професорите Здравко Костадинов и Далибор Стојчев и ученикот Александар Сарамндов од IV4 клас, техничар за патен сообраќај, под менторство на професоро Миле Стојменов, добија пофалници со одличен број на поени.

Изборот за ЛИДЕР НА СТРУКА се организира за да се покажат, докажат, вреднуваат и рангираат знаењата, умеењата, вештините, способностите и вредностите на учениците по стручните предмети во рамките на струката/одделен образовен профил од техничкото образование.

Со овие натпревари се откриваат, поттикнуваат и промовираат учениците кои се талентирани и надарени за одредена област и со тоа се помага планирањето на нивниот кариерен развој, како и соработка со социјалните партнери од соодветната област.

На денешната мала свеченост во училиштето СОУ „Никола Карев“, директорот Драган Јанков им ги врачи дипломите на најдобрите ученици на овој натпревар од училиштето „Никола Карев“.

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела држава

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела …

Сеп 28, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 од кои четворица новозаболени и во Струмица. Починале ч...

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Реп…

Сеп 25, 2020 Вести

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“. Општината Струмица најпрво ги започна градежните активности за решавање на пробле...

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови случаи

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови с…

Сеп 25, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направените 1504 тестирања, регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19, меѓу кои ...

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку Филтер станицата ќе имат прекин на водоснабдувањето од 6 до 17 часот

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека утре (петок, 25 септември), поради чистење на резервоарите на Филтер станицата „Иловица“, ќе има преки...

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на Буџетот за тековната 2020 година

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на …

Сеп 24, 2020 Вести

Денеска се одржа 39-та седница на Советот на општина Струмица на која што беше усвоена предлог-одлуката за измена и дополнување на Буџетот на општина ...

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во Струмица, денеска 14 нови случаи

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19, најмногу во Скопје 58 лица, па следува Струмица со 1...

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна презентација

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна …

Сеп 24, 2020 Вести

Јавното претпријатие за државни патишта ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, спој со А1 во должина од 25 километри. Во петок, 25 септември, с...

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира во Уметничка галерија

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира в…

Сеп 23, 2020 Вести

Започна со реализација проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се врши на просторот под градскиот плош...