Во Струмица се отвори „Роса школо за родителство“

Среда, 18 Декември 2019

Денеска во ЈЗУ „Здравствен дом“ во Струмица беше отворено Роса школо за родителство, донација од „Пивара Скопје“ и компанијата „Coca-Cola“ преку „Роса“, а во партнерство со Министерството за здравство.

Ова „Роса“ школо е всушност четврто досега отворено од почетокот на проектот во 2018 година, а до крајот на овој месец ќе бидат отворени уште две, во Општата болница во Охрид и во Општата болница во Куманово.

На денешното отворање министерот за здравство, Венко Филипче, директорката на болницата Љубица Митева и бренд менаџерот за негазирани пијалаци во „Пивара Скопје“, Катерина Хаџи-Ангелеска Начевска, ги поздравија присутните, и тимот доктори кои ќе работат во рамки на школата.

„Навистина ми е драго што овој проект вистински живее, а уште повеќе што „Роса“ школите се одлично прифатени ширум земјава. Од името на „Пивара Скопје“, искрено благодарам што Министерството за здравство сесрдно ја поддржува нашата мисија за чинење добросостојба за целата заедница, а за тоа говори и Меморандумот за соработка што минатата недела го потпишавме. Ни претстои отворање на уште две школи годинава, а со Меморандумот се обврзуваме на уште три до крајот на 2020 година, со цел на што повеќе семејства да им ги овозможиме бенефитите од овие бесплатни работилници. Во меѓувреме, ги поканувам сите трудници од Струмица и членовите од нивните потесни семејства да се пријавуваат за обуките и да ја посетуваат „Роса“ школата во нивниот град“ - кажа Катерина Хаџи-Ангелеска Начевска.

Целта на „Роса“ школите за нови родители е всушност тие да се едуцираат како да се справат со предизвиците, но и да се поддржат во првите денови од родителството, а обуките опфаќаат повеќе корисни теми како здрава нега во бременоста, психофизичка подготовка за породување, доење, нега на новороденчето, родителство и слично. Во рамки на „Роса“ школата ќе работи обучен и квалификуван тим сочинет од специјалист гинеколог-акушер, педијатар и патронажна сестра, кои ќе се обидат да одговорат на сите прашања и дилеми кои новите родители би можеле да ги имаат.

„Како Министерство за здравство навистина ја согледавме потребата од ваков облик на групни здравствено-едукативни работилници во Здравствениот дом во Струмица и во оваа прилика би сакал да ја поздравам одлуката на „Пивара Скопје“ за продолжување на проектот и во нови градови. Ние обезбедуваме експертска помош и стручен кадар од лекари специјалисти кои работат во овие школи и убеден сум дека струмичани ќе имаат вистински бенефит за сите прашања врзани со родителството. Родителството се учи. Да им овозможиме одговорно и успешно родителство на сите идни родители“ – кажа на отворањето на школата, министерот Венко Филипче.

„Честа е навистина голема што и нашиот Здравствен дом е ставен на мапата за „Роса“ школи за родителство и во таа насока, би сакала да изразам голема благодарност до „Пивара Скопје“ и Министерството за здравство што се сетија и на нас. Во ова школо ќе работи стручен тим од доктори од овој Здравствен дом и искрено верувам дека младите семејства и сите идни родители од Струмица ќе се пријавуваат за работилниците и ќе ги уживаат придобивките што тие ги нудат, сѐ со цел вистински да се едуцираат за родителството и подготвени да зачекорат во родителските улоги“ - кажа изјави директорката на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица, Љубица Митева.

Средствата за „Роса“ школите се собрани преку кампања во која за оваа намена се издвојуваше по 1 денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 литар.

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна година

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна год…

Сеп 29, 2020 Вести

Во скоро сите училишта, во текот на летниот период беа реализирани активности за подобрување на условите за реализација на воспитно-образовниот процес...

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздравени четворица

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздр…

Сеп 29, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направените 1372 тестирања, регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19, од кои 11 и во Струмица. Во болнички услови починаа...

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на АРМ, дел од нив се со полесни повреди

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на…

Сеп 29, 2020 Вести

Утринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица - Штип, кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници на АРМ. Како што соопштуваат ...

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела држава

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела …

Сеп 28, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 од кои четворица новозаболени и во Струмица. Починале ч...

ФФМ започна со изградба на модерен терен со вештачка трева во Струмица

ФФМ започна со изградба на модерен терен со вештачка трева в…

Сеп 28, 2020 Вести

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „Hat Trick III“ програмата за подобрување на фудбалска инфраструктура започна со изгра...

13-годишно момче од Струмица за два месеци направил кривична дела колку што ги има годините, полицијата најави поднесок до обвинителството

13-годишно момче од Струмица за два месеци направил кривична…

Сеп 27, 2020 Вести

СВР Струмица – Отсекот за општ криминалитет до Основно јавно обвинителство во Струмица ќе поднесе соодветен поднесок против 13-годишно момче од Струми...

Заев: Со пакетот 4 економски мерки вреден 470 милиони евра обезбедуваме одржливост на домашните економски дејности и на работните места

Заев: Со пакетот 4 економски мерки вреден 470 милиони евра о…

Сеп 27, 2020 Вести

Премиерот Зоран Заев, одржа прес-конференција на која беше презентиран четвртиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на К...

Уапсени пет лица во Струмица, полицијата кај нив пронашла дрога

Уапсени пет лица во Струмица, полицијата кај нив пронашла др…

Сеп 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вчера во 23:00 часот во СВР Струмица биле лишени од слобода И.Л.Б. (19), Ј.К. (20), Ј.П. (26), Г.М. (22) и Ф.М. (22), сите од Струмица, затоа што кај ...