СВР Струмица предупредува: Употребата на петарди е казниво со закон и до 500 евра

Среда, 18 Декември 2019

Секторот за внатрешни работи - Струмица, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, имајќи во предвид дека пред и за време на празниците од страна на граѓани, малолетници и деца, неовластено се употребуваат пиротехнички средства (петарди, палење ракети и други пиротехнички средства), со што се нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните, ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Закон за прекршоци против јавниот ред и мир, член 31 „кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозив или запалив материјал или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра.

Законот за заштита на експлозивни материи, член 69 став 1 точка 4 „оној кој набавува експлозивни материи заради употреба без одобрение ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 400 евра.

Кривичен Законик на РСМ, член 396 став 1 „тој кој што неовластено употребува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од 1 до 10 години“. Став 2 од истиот член „ако предметот од делото од став 1 е поголема количина на огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, ќе се казни со затвор од најмалку 5 години“. Став 3 „предметите од став 1 и 2 и средствата за нивно изработување пренесување и растурање ќе се одземат“.

Палење ракети, приредување огномет, фамилијарни или слични приредби мора да се пријават во МВР - Сектор за внатрешни работи на чие подрачје се одржува приредбата, најдоцна два дена пред почетокот на приредбата.

Од СВР Струмица апелираат до граѓаните да соработуваат со полицијата, доколу забележат лица кои на тезги, продавници или магазини продаваат пиротехнички средства или неовластено употребуваат пиротехнички средства, истите да ги пријават на полициски службеници лично или преку бесплатниот телефонски број 192.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица повторно ќе се доделуваат 37 нови станови за социјални семејства, пријавувањето ќе трае до 15 април

Во Струмица повторно ќе се доделуваат 37 нови станови за соц…

Фев 19, 2020 Вести

Струмичани од најранливите категории на граѓани од денеска до 15 април можат да аплицираат на огласот за распределба на 37 социјални станови во Струми...

Откриени петмина мигранти кај Робово

Откриени петмина мигранти кај Робово

Фев 19, 2020 Вести

Синоќа околу 20:00 часот на влезот во селото Робово, струмичко, во товарно возило „Ивеко фургон“, со скопски регистарски ознаки, полициски службеници ...

Грипот ги празни училиштата во Струмица, над 1000 ученици отсуствуваа од настава поради сезонски грип

Грипот ги празни училиштата во Струмица, над 1000 ученици от…

Фев 19, 2020 Вести

Поради сезонскиот грип многу ученици од основните и средните училишта на територијата на општина Струмица отсуствуваат од настава. Дури 1096 ученици ...

Во петок во Струмица танцовата претстава „Пепелашка“ во изведба на лица со попреченост

Во петок во Струмица танцовата претстава „Пепелашка“ во изве…

Фев 18, 2020 Вести

По успешната премиера во април и реприза во септември 2019 година во Националната Опера и Балет во Скопје, изведба пред публиката во Гевгелија, Штип, ...

Во сабота Дани Димитровска со Симфониски оркестар во Струмица

Во сабота Дани Димитровска со Симфониски оркестар во Струмиц…

Фев 18, 2020 Магазин

21 година е на македонската музичка сцена… Нејзиното име, цели две децении е единствена асоцијација за македонска поп-рок дива. Таа ги пее „Срца две”...

Кривична за тројца струмичани, со остар предмет се заканувале на полицајци, кои со пукање во воздух ги предупредиле

Кривична за тројца струмичани, со остар предмет се заканувал…

Фев 18, 2020 Вести

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.А. (35), С.Х. (21) и К.Х. (23), тројцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кри...

Струмичките одбојкари со убедлива победа над „УГД Штип“

Струмичките одбојкари со убедлива победа над „УГД Штип“

Фев 17, 2020 Вести

Вечерва во Спортската сала „Парк“ во Струмица, одбојкарите на „ЏИО Струмица“ ја запишаа осмата победа во машкиот одбојкарски шампионат на Македонија. ...

Се бара фризер за партнерство во Фризерско-козметичко студио

Се бара фризер за партнерство во Фризерско-козметичко студио

Фев 17, 2020 Веб Билборд

Разработено Фризерско-козметичко студио има потреба од фризер со работно искуство за партнерство во работата и делење на сите трошкови. Подетални инфо...