Полицаец го нападнал помошник началникот на Струмичката полиција, се заканувал и во Спортска обложовалница

Среда, 25 Декември 2019

СВР Струмица информира дека е поднесена Кривична пријава против полициски службеник А.Б. (47) од Струмица, кој на 2 декември сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“, предвидено во Кривичниот Законик, на начин што при разминување на скалите во внатрешноста од зградата на СВР Струмица, без претходно да биде предизвикан, почнал да му се заканува вербално по животот и телото на помошник началникот на Одделение за полиција и во еден момент го удрил во пределот на градите.

На денешната прес конференција, Хризантема Рендевска, портпарол на СВР Струмица информираше и дека за истото лице до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Одделение за истражување и гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција Скопје, е поднесена и кривична пријава против него поради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

„Имено, на ден 06.11.2019 година, во времето кога пријавениот требало да ги извршува работните обврски на работното место, односно во времето од 15:45 до 16:00 часот бил во Спортска обложувалница во Валандово, приложувајќи добитен тикет за исплата. Но од страна на вработената во обложувалницата согласно Законот за игри на среќа и забавните игри, од пријавениот бил побаран документ за идентификација за да добитниот тикет биде исплатен, по што пријавениот одбил да се легитимира, заканувајќи и се по животот, на дрзок начин обраќајки и се со висок тон, ја присилил да изврши исплата на добитниот тикет, спротивно на правилата на обложувалницата. Пријавениот изреволтиран од  барањето на вработената да се идентификува, злоупотребувајќи ја, односно искористувајќи ја својата службена положба во два наврати извадил службена легитимација, притоа заканувајќи се дека така лесно нема да поминат ниту вработените ниту кладилницата“ – рече Рендевска.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Автомобил удрил во запрежно возило, сообраќајот кај Куклишка крстосница беше половина час во прекин

Автомобил удрил во запрежно возило, сообраќајот кај Куклишка…

Фев 20, 2020 Вести

Денеска околу 09:30 часот на излезот од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил и запрежно во...

Во прекин патниот правец кон Валандово поради сообраќајка кај Куклишка раскрсница

Во прекин патниот правец кон Валандово поради сообраќајка ка…

Фев 20, 2020 Вести

АМСМ информира дека од 10:00 часот сообраќајот на патниот правец Струмица - Валандово кај Куклишка крстосница, поради случена сообраќајна незгода, е в...

Опремете го домот! Плаќање на 24 рати преку ИутеКредит во салони за мебел

Опремете го домот! Плаќање на 24 рати преку ИутеКредит во са…

Фев 20, 2020 Маркетинг

Опремувањето и реновирањето на домот може да биде оптоварување за семејниот буџет, но со наменскиот потрошувачки кредит на ИутеКредит можете да купите...

Златна плакета за најдобра карикатура на Ерико Жунгуеира Аурес од Бразил

Златна плакета за најдобра карикатура на Ерико Жунгуеира Аур…

Фев 19, 2020 Вести

Меѓународното жири на 21-от Фестивал за карикатура и афоризам „Струмица 2020“, ги избра најдобрите од пристигнатите 140 карикатури од 20-тина држави и...

Во Струмица повторно ќе се доделуваат 37 нови станови за социјални семејства, пријавувањето ќе трае до 15 април

Во Струмица повторно ќе се доделуваат 37 нови станови за соц…

Фев 19, 2020 Вести

Струмичани од најранливите категории на граѓани од денеска до 15 април можат да аплицираат на огласот за распределба на 37 социјални станови во Струми...

Откриени петмина мигранти кај Робово

Откриени петмина мигранти кај Робово

Фев 19, 2020 Вести

Синоќа околу 20:00 часот на влезот во селото Робово, струмичко, во товарно возило „Ивеко фургон“, со скопски регистарски ознаки, полициски службеници ...

Грипот ги празни училиштата во Струмица, над 1000 ученици отсуствуваа од настава поради сезонски грип

Грипот ги празни училиштата во Струмица, над 1000 ученици от…

Фев 19, 2020 Вести

Поради сезонскиот грип многу ученици од основните и средните училишта на територијата на општина Струмица отсуствуваат од настава. Дури 1096 ученици ...

Во петок во Струмица танцовата претстава „Пепелашка“ во изведба на лица со попреченост

Во петок во Струмица танцовата претстава „Пепелашка“ во изве…

Фев 18, 2020 Вести

По успешната премиера во април и реприза во септември 2019 година во Националната Опера и Балет во Скопје, изведба пред публиката во Гевгелија, Штип, ...