Во Струмица поставен првиот паметен соларен држач за велосипеди, единствен во Македонија

Четврток, 26 Декември 2019

Еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица го постави првиот паметен соларен држач за велосипеди, кој е инсталиран во дворот на Средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Струмица.

Станува збор за инсталација, која е прв пат поставена во нашата држава и која има четири соларни панели и сончевата енергија ја претвараат во електрична енергија, со што се придонесува за зачувување на животната средина.

„Соларниот паркинг за велосипеди не е само обичен паркинг за 13 велосипеди, туку паметен уред, каде може да се наполни батеријата на паметен телефон, лап топ, таблет, како и можност за безжично полнење. Ја има можноста преку WiFi рутер да се добијат локални податоци и активно мерење на температурата и квалитетот на воздухот. Соларниот држач има свое LED осветлување, шанк подлога. Конструкцијата е галванизиран челик и е АNTI VANDAL производ“ – велат од ЕД „Планетум“.

Поставувањето на оваа паметна урбана опрема, како проект на ЕД „Планетум“ од Струмица, финансиски е поддржан од Општина Струмица преку Г1 програмата, во партнетство со ЈПКД „Комуналец Струмица, одговорен за изведбата на бетонската плоча, како и за монтажата на конструкцијата. Дополнителоно во соработка со директорката на  СОУ „Јане Сандански“, Невенка Стојанова се обезбеди монтажа, преку приватна компанија, која изврши инсталација на соларниот систем.

ЕД „Планетум“ и овојпат покажа иновативен пристап, преку кој би ја подигнале свеста кај младите и граѓаните и би ги мотивирале и другите институции, општински и државни, да размислуваат како Струмица да ја претвоирме во „штедлив“ град и да биде прва и пример за останатите градови.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Автомобил удрил во запрежно возило, сообраќајот кај Куклишка крстосница беше половина час во прекин

Автомобил удрил во запрежно возило, сообраќајот кај Куклишка…

Фев 20, 2020 Вести

Денеска околу 09:30 часот на излезот од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил и запрежно во...

Во прекин патниот правец кон Валандово поради сообраќајка кај Куклишка раскрсница

Во прекин патниот правец кон Валандово поради сообраќајка ка…

Фев 20, 2020 Вести

АМСМ информира дека од 10:00 часот сообраќајот на патниот правец Струмица - Валандово кај Куклишка крстосница, поради случена сообраќајна незгода, е в...

Опремете го домот! Плаќање на 24 рати преку ИутеКредит во салони за мебел

Опремете го домот! Плаќање на 24 рати преку ИутеКредит во са…

Фев 20, 2020 Маркетинг

Опремувањето и реновирањето на домот може да биде оптоварување за семејниот буџет, но со наменскиот потрошувачки кредит на ИутеКредит можете да купите...

Златна плакета за најдобра карикатура на Ерико Жунгуеира Аурес од Бразил

Златна плакета за најдобра карикатура на Ерико Жунгуеира Аур…

Фев 19, 2020 Вести

Меѓународното жири на 21-от Фестивал за карикатура и афоризам „Струмица 2020“, ги избра најдобрите од пристигнатите 140 карикатури од 20-тина држави и...

Во Струмица повторно ќе се доделуваат 37 нови станови за социјални семејства, пријавувањето ќе трае до 15 април

Во Струмица повторно ќе се доделуваат 37 нови станови за соц…

Фев 19, 2020 Вести

Струмичани од најранливите категории на граѓани од денеска до 15 април можат да аплицираат на огласот за распределба на 37 социјални станови во Струми...

Откриени петмина мигранти кај Робово

Откриени петмина мигранти кај Робово

Фев 19, 2020 Вести

Синоќа околу 20:00 часот на влезот во селото Робово, струмичко, во товарно возило „Ивеко фургон“, со скопски регистарски ознаки, полициски службеници ...

Грипот ги празни училиштата во Струмица, над 1000 ученици отсуствуваа од настава поради сезонски грип

Грипот ги празни училиштата во Струмица, над 1000 ученици от…

Фев 19, 2020 Вести

Поради сезонскиот грип многу ученици од основните и средните училишта на територијата на општина Струмица отсуствуваат од настава. Дури 1096 ученици ...

Во петок во Струмица танцовата претстава „Пепелашка“ во изведба на лица со попреченост

Во петок во Струмица танцовата претстава „Пепелашка“ во изве…

Фев 18, 2020 Вести

По успешната премиера во април и реприза во септември 2019 година во Националната Опера и Балет во Скопје, изведба пред публиката во Гевгелија, Штип, ...