Со помош на 35 компании и општината Струмица се отвора Дом за жртви од семејно насилство

Сабота, 28 Декември 2019

Во Струмица се отвора Дом за жртви од семејно насилство, односно Шелтер центар за прифаќање и престој на жртви од семејно насилство.

Домот со површина од околу 200 метри квадратни, со капацитет за 8 лица од кои две за итна интервенција и 24-часовно згрижување, го отвора Здружението „Скај Плус“ со поддршка на Општина Струмица и 35 компании од Струмичкиот регион.

Домот е готов, ќе биде ставен во функција веднаш по добивањето на дозволата од Министерството за труд и социјална политика, каде постапката е при крај.

Синоќа во Центарот за култура беше промовиран од страна на претседателката на Здружението „Скај Плус“, психологот Стојна Митева и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Според Стојна Митева, 35 компании со над 2 милиони денари и Општина Струмица со 1,2 милиони денари буџетски средства за 2020 година ќе ја поддржуваат работата на оваа хумана установа која ќе биде привремен дом за тие кои ќе имаат потреба од него.

„Ова е дом во кој ќе можат да се чувствуваат сигурно, безбедно со сето она што значи социјална поддршка за крајната цел да биде од нашиот дом да излезат посигурни, постабилни и едноставно да застанат на свои нозе“ - кажа Митева.

На промовирањето на Шелтер центарот, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски рече дека секој човек, секоја жена треба да се чувствува безбедно во својот дом и средината во која живее. Ова е основно право кое ние како држава и општина мора да го гарантираме.

„За да ја реализираме оваа цел, мора да работиме сите заедно и да воспоставиме ефикасни механизми, но и тесна соработка со невладиниот сектор и сите засегнати страни. Овој Шелтер центар е потврда дека може да се успее ако се работи така“ – кажа градоначалникот Јаневски. /Р.Ѓ./

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Автомобил удрил во запрежно возило, сообраќајот кај Куклишка крстосница беше половина час во прекин

Автомобил удрил во запрежно возило, сообраќајот кај Куклишка…

Фев 20, 2020 Вести

Денеска околу 09:30 часот на излезот од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил и запрежно во...

Во прекин патниот правец кон Валандово поради сообраќајка кај Куклишка раскрсница

Во прекин патниот правец кон Валандово поради сообраќајка ка…

Фев 20, 2020 Вести

АМСМ информира дека од 10:00 часот сообраќајот на патниот правец Струмица - Валандово кај Куклишка крстосница, поради случена сообраќајна незгода, е в...

Опремете го домот! Плаќање на 24 рати преку ИутеКредит во салони за мебел

Опремете го домот! Плаќање на 24 рати преку ИутеКредит во са…

Фев 20, 2020 Маркетинг

Опремувањето и реновирањето на домот може да биде оптоварување за семејниот буџет, но со наменскиот потрошувачки кредит на ИутеКредит можете да купите...

Златна плакета за најдобра карикатура на Ерико Жунгуеира Аурес од Бразил

Златна плакета за најдобра карикатура на Ерико Жунгуеира Аур…

Фев 19, 2020 Вести

Меѓународното жири на 21-от Фестивал за карикатура и афоризам „Струмица 2020“, ги избра најдобрите од пристигнатите 140 карикатури од 20-тина држави и...

Во Струмица повторно ќе се доделуваат 37 нови станови за социјални семејства, пријавувањето ќе трае до 15 април

Во Струмица повторно ќе се доделуваат 37 нови станови за соц…

Фев 19, 2020 Вести

Струмичани од најранливите категории на граѓани од денеска до 15 април можат да аплицираат на огласот за распределба на 37 социјални станови во Струми...

Откриени петмина мигранти кај Робово

Откриени петмина мигранти кај Робово

Фев 19, 2020 Вести

Синоќа околу 20:00 часот на влезот во селото Робово, струмичко, во товарно возило „Ивеко фургон“, со скопски регистарски ознаки, полициски службеници ...

Грипот ги празни училиштата во Струмица, над 1000 ученици отсуствуваа од настава поради сезонски грип

Грипот ги празни училиштата во Струмица, над 1000 ученици от…

Фев 19, 2020 Вести

Поради сезонскиот грип многу ученици од основните и средните училишта на територијата на општина Струмица отсуствуваат од настава. Дури 1096 ученици ...

Во петок во Струмица танцовата претстава „Пепелашка“ во изведба на лица со попреченост

Во петок во Струмица танцовата претстава „Пепелашка“ во изве…

Фев 18, 2020 Вести

По успешната премиера во април и реприза во септември 2019 година во Националната Опера и Балет во Скопје, изведба пред публиката во Гевгелија, Штип, ...