Во понеделник во Струмица ќе бидат изложени за поклонение дел од светите мошти на Свети Василиј Велики

Петок, 10 Јануари 2020

Во Струмица ќе бидат изложени за поклонение дел од светите мошти на Свети Василиј Велики – инфомираат од Струмичката Епархија.

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, на денот на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики - Православна Нова Година, во Соборниот Храм „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица, ќе бидат изложени за поклонение дел од светите мошти на Свети Василиј Велики.

Според информациите од Струмичката Епархија, во понеделник (13-ти јануари) од 16:00 часот ќе се одржи вечерна Богослужба. (Поклонение од 16:00 до 19:00 часот.

Во вторник (14-ти јануари), од 07:00 часот ќе се одржи утринска Богослужба, а од 08:00 часот Света Божествена Литургија. (Поклонение во текот на целиот ден).

Моштите на Свети Василиј, градот Струмица ги има уште од периодот помеѓу 1913 и 1914 година. Тука ги донел војник кој во тоа време бил на служба во Кападокија. Се до 1958 година ретко кој знаел дека ова духовно богатство воопшто постои во Струмица. Од тогаш тие грижливо биле чувани во црквата, а пред дваесеттина години секоја година во чест на празникот на Свети Василиј, моштите се изложуваат со цел и верниците да имат можност да се поклонат пред нив.

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна година

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна год…

Сеп 29, 2020 Вести

Во скоро сите училишта, во текот на летниот период беа реализирани активности за подобрување на условите за реализација на воспитно-образовниот процес...

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздравени четворица

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздр…

Сеп 29, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направените 1372 тестирања, регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19, од кои 11 и во Струмица. Во болнички услови починаа...

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на АРМ, дел од нив се со полесни повреди

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на…

Сеп 29, 2020 Вести

Утринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица - Штип, кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници на АРМ. Како што соопштуваат ...

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела држава

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела …

Сеп 28, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 од кои четворица новозаболени и во Струмица. Починале ч...

ФФМ започна со изградба на модерен терен со вештачка трева во Струмица

ФФМ започна со изградба на модерен терен со вештачка трева в…

Сеп 28, 2020 Вести

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „Hat Trick III“ програмата за подобрување на фудбалска инфраструктура започна со изгра...

13-годишно момче од Струмица за два месеци направил кривична дела колку што ги има годините, полицијата најави поднесок до обвинителството

13-годишно момче од Струмица за два месеци направил кривична…

Сеп 27, 2020 Вести

СВР Струмица – Отсекот за општ криминалитет до Основно јавно обвинителство во Струмица ќе поднесе соодветен поднесок против 13-годишно момче од Струми...

Заев: Со пакетот 4 економски мерки вреден 470 милиони евра обезбедуваме одржливост на домашните економски дејности и на работните места

Заев: Со пакетот 4 економски мерки вреден 470 милиони евра о…

Сеп 27, 2020 Вести

Премиерот Зоран Заев, одржа прес-конференција на која беше презентиран четвртиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на К...

Уапсени пет лица во Струмица, полицијата кај нив пронашла дрога

Уапсени пет лица во Струмица, полицијата кај нив пронашла др…

Сеп 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вчера во 23:00 часот во СВР Струмица биле лишени од слобода И.Л.Б. (19), Ј.К. (20), Ј.П. (26), Г.М. (22) и Ф.М. (22), сите од Струмица, затоа што кај ...