Министерството за земјоделство објави јавен повик за давање во закуп на земјоделско земјиште во Струмичкиот регион

Недела, 12 Јануари 2020

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека се во тек вкупно четири јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. Последниот ден за поднесување на пријави за учество на јавниот повик е 22.01.2020 година.

Меѓу четири јавни повици два се однесуваат и за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост во катастарска општина Струмица.

Предмет на постапката на овие повици може да биде земјоделско земјиште во државна сопственост над кое нема подигнато насад, врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.

Предмет на понудата согласно овој јавен повик може да биде само земјоделско земјиште кое не е предмет на тековни јавни огласи објавени на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанството.

Површината за која што може еден понудувач самостојно со геодетски елаборат да достави понуда и да ја добие по јавниот повик (за една, повеќе или дел од катастарска парцела), изнесува најмногу до 3 хектари.

За разлика од огласите во кои министерството ги објавува расположливите парцели, со овие јавни повици, земјоделците имаат можност самоиницијативно да пројават интерес преку изготовка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик, за земјиште за кое имаат информација дека е слободна земја.

Целта на овие јавни повици е да се стави во функција целото расположливо земјоделско земјиште, вклучително и оние парцели што не се актрактивни. Земјиштето може да се искористи за подигање на долгогодишни насади, оранжерии, долгогодишни насади со лешник, маслинарници, други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за брзо растечки дрвја, за рибници и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам.

МЗШВ на овој начин создава поволни услови за сите земјоделци кои се занимаваат со земјоделство и за оние што сакаат да го прошират своето производство или да започнат агробизнис, да дојдат до земјоделско земјиште. Истовремено, преку ваквиот тип на повици директно се зголемуваат обработливите земјоделски површини.

Сите заинтересирани земјоделци детално моќе да се информираат за овие повици на официјалната страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, кадешто може да го пополнат и својот образец.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Грипот ги празни училиштата во Струмица, над 1000 ученици отсуствуваа од настава поради сезонски грип

Грипот ги празни училиштата во Струмица, над 1000 ученици от…

Фев 19, 2020 Вести

Поради сезонскиот грип многу ученици од основните и средните училишта на територијата на општина Струмица отсуствуваат од настава. Дури 1096 ученици ...

Во петок во Струмица танцовата претстава „Пепелашка“ во изведба на лица со попреченост

Во петок во Струмица танцовата претстава „Пепелашка“ во изве…

Фев 18, 2020 Вести

По успешната премиера во април и реприза во септември 2019 година во Националната Опера и Балет во Скопје, изведба пред публиката во Гевгелија, Штип, ...

Во сабота Дани Димитровска со Симфониски оркестар во Струмица

Во сабота Дани Димитровска со Симфониски оркестар во Струмиц…

Фев 18, 2020 Магазин

21 година е на македонската музичка сцена… Нејзиното име, цели две децении е единствена асоцијација за македонска поп-рок дива. Таа ги пее „Срца две”...

Кривична за тројца струмичани, со остар предмет се заканувале на полицајци, кои со пукање во воздух ги предупредиле

Кривична за тројца струмичани, со остар предмет се заканувал…

Фев 18, 2020 Вести

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.А. (35), С.Х. (21) и К.Х. (23), тројцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кри...

Струмичките одбојкари со убедлива победа над „УГД Штип“

Струмичките одбојкари со убедлива победа над „УГД Штип“

Фев 17, 2020 Вести

Вечерва во Спортската сала „Парк“ во Струмица, одбојкарите на „ЏИО Струмица“ ја запишаа осмата победа во машкиот одбојкарски шампионат на Македонија. ...

Се бара фризер за партнерство во Фризерско-козметичко студио

Се бара фризер за партнерство во Фризерско-козметичко студио

Фев 17, 2020 Веб Билборд

Разработено Фризерско-козметичко студио има потреба од фризер со работно искуство за партнерство во работата и делење на сите трошкови. Подетални инфо...

И тие умеат да пеат, да бидат забавни, со верба во себе, надеж и љубов, лица со попреченост настапија на првиот музички хепенинг

И тие умеат да пеат, да бидат забавни, со верба во себе, над…

Фев 17, 2020 Магазин

Полна сала со народ, дојдоа да ги храбрат 12-мината млади лица, кои иако со попреченост покажаа дека нема место за било какви препреки во нашето опште...

Фабрика за производство на мебел од Струмица бара работници

Фабрика за производство на мебел од Струмица бара работници

Фев 17, 2020 Веб Билборд

Фабрика за производство на мебел од Струмица има потреба од двајца монтери со работно искуство и еден работник за работа на C.N.C. машина. Подетални и...