Денеска во Струмица ќе се отвора Инфо пункт за млади невработени и бизнис секторот

Среда, 15 Јануари 2020

Здружението за локална демократија Центар на заедницата на општина Струмица, во рамките на проектот „Младите - клуч за иднината на бизнис секторот“, денеска во 17:00 часот на третиот кат во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица ќе отвори Инфо пункт за млади невработени и бизнис секторот.

Станува збор за канцеларија во која младите ќе можат да се обратат и да добиваат информации за тоа што нуди бизнис секторот во Струмица, во делот на вработување, практична работа и волонтерство.

Инфо пунктот ќе го користат и бизнисмените, кои преку него ќе дојдат до млади кадри за вработување според потребите во сопствените бизниси.

Инфо пунктот ќе дава и услуги на кариерно советување, профилирање на личноста и помагање во избирање на професија за младите невработени.

Проектот „Младите - клуч за иднината на бизнис секторот“ се спроведува во партнерство со Здружението за заштита на бизнис интересите на компаниите во Струмичкиот регион – Струмичка бизнис заедница, а во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Проектот работи во насока на подобрување на положбата на пазарот на трудот на младите невработени лица и лица кои се дел од маргинализирани групи, првично преку детерминирање на компетитивните предности со кои што тие лица располагаат.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

И ловџиите се вклучија во потрага на 28-годишната Марија Брзакова

И ловџиите се вклучија во потрага на 28-годишната Марија Брз…

Јан 25, 2020 Вести

Утрово од пред општинската зграда на Општина Босилово, голем број ловџии и граѓани се приклучија на полициските службеници во потрага на исчезнатата М...

Фудбалерите на „Академија Пандев“ утре заминуваат на подготовки во Анталија, Турција

Фудбалерите на „Академија Пандев“ утре заминуваат на подгото…

Јан 24, 2020 Вести

Сениорскиот тим на ФК „Академија Пандев“ од Струмица утре заминува на подготовки во Анталија, Турција, каде ќе бидат до 7 февруари. Договорени се пет...

Во Струмица се одржа работилница за идентификација на иновативни идеи на Регионалниот бизнис центар

Во Струмица се одржа работилница за идентификација на иноват…

Јан 24, 2020 Вести

Регионалниот бизнис центар при Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во канцелариите на Центарот во Струмица, организираше работилница за...

Нема ни трага од исчезнатата Марија Брзакова од Босилово, од утре и ловџиите ќе се вклучат во потрага по неа

Нема ни трага од исчезнатата Марија Брзакова од Босилово, од…

Јан 24, 2020 Вести

Нема трага од 28-годишната Марија Брзакова од Босилово, која исчезна во саботата во утринските часови. Полициски службеници ја барат низ Струмичкиот р...

Напаѓачот на девојката, но и на полицаец е малолетник, лишен е од слобода

Напаѓачот на девојката, но и на полицаец е малолетник, лишен…

Јан 24, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 14:00 часот лишен е од слобода малолетник од селото Просениково, кој завчера околу 18:45 часот во близина на с...

Прегазил двајца пешаци во центарот на Струмица и побегнал

Прегазил двајца пешаци во центарот на Струмица и побегнал

Јан 24, 2020 Вести

Вчера во 14:30 часот на крстосница од булевар „Маршал Тито’’ и улицата „Ленинова’’ во Струмица, едно возило удрило во пешаците М.Б. (61) од Радовиш и ...

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Мите Цикарски ќе игра за „Академија Пандев“

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Мите Цикарски ќе …

Јан 24, 2020 Вести

Мите Цикарски ја засили сениорската екипа на ФК „Академија Пандев“ од Струмица. Испразнетото место на левата бековска позиција е пополнето со квалитет...

Струмичката полиција трага по „манијак“ кој нападнал девојка, го лоцирале на плоштадот, но им побегнал на полицајците

Струмичката полиција трага по „манијак“ кој нападнал девојка…

Јан 23, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 18:45 часот во близина на спортската сала „Партизан“ во Струмица, непознато лице се приближил на 24-годишна де...