Томе Јанев од Москва им се заблагодарува на сите хумани луѓе за неговото лекување

Петок, 17 Јануари 2020

Поранешниот фудбалер на фудбалските клубови „Беласица“, „Брегалница“, „Хоризонт Турново“, „Силекс“ и неколку други македонски клубови, Томе Јанев од Струмица, кој поради болест мораше да ја прекине кариерата, е на лекување на клиниката „НеуроВита“ во Москва, Русија.

Струмица и Македонија „се дигнаа на нозе“ за да му се помогне Томе, за да ги собере потребните средства, преку директно донирање на хуманитарна сметка и посебни броеви, но и организирање на хуманитарни настани.

„Драги пријатели, роднини, сограѓани, познаници и сите кои ме поддржувавте и ме поддржувате. Најнапред сакам да Ви се заблагодарам од срце што поради вас сите, сум тука каде што сум и имам шанса да се лекувам со надеж за подобро утре.

Оваа е една од многуте битки пред која ми претстои многу борба и труд, но со ваша помош, верба и поддршка мислам дека можам да ја постигнам зацртаната цел.

Докторите овде имаат позитивно мислење и став околу мојата состојба, уште се прават додатни испитувања, но велат дека добро е што уште дијагнозата е во рана фаза и дека прогресијата може да биде стопирана.

За жал некои ми го свртеа грбот кога ми беше повеќе од потребно, но тоа ми дава уште повеќе волја и мотив за понатаму.

За крај премалку е уште еднаш да ви кажам Ви благодарам од срце за се што правите за мене, Бог е голем, да Ви даде само здравје, бидејќи на крајот на краиштата се друго може да се направи или купи.

Фала Струмица, фала Македонија! Среќни празници и секое добро на сите… - напиша Томе на својот Фејсбук профил.

Томе Јанев 2019 година ја започна со лоша вест за здравствената состојба. На 29-годишниот струмичанец му беше дијагностицирана ALS (Amyotrophic Lateral Sclerosis), болест на моторниот неврон. Болеста е во почетна фаза, но доколку не му се помогне навреме, последиците од неа може да бидат катастрофални, преку целосна атрофија на мускулниот систем. Надеж за подобрување на неговата состојба има преку лекување и терапија со матични клетки на секои четири месеци во рок од три години.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Грипот ги празни училиштата во Струмица, над 1000 ученици отсуствуваа од настава поради сезонски грип

Грипот ги празни училиштата во Струмица, над 1000 ученици от…

Фев 19, 2020 Вести

Поради сезонскиот грип многу ученици од основните и средните училишта на територијата на општина Струмица отсуствуваат од настава. Дури 1096 ученици ...

Во петок во Струмица танцовата претстава „Пепелашка“ во изведба на лица со попреченост

Во петок во Струмица танцовата претстава „Пепелашка“ во изве…

Фев 18, 2020 Вести

По успешната премиера во април и реприза во септември 2019 година во Националната Опера и Балет во Скопје, изведба пред публиката во Гевгелија, Штип, ...

Во сабота Дани Димитровска со Симфониски оркестар во Струмица

Во сабота Дани Димитровска со Симфониски оркестар во Струмиц…

Фев 18, 2020 Магазин

21 година е на македонската музичка сцена… Нејзиното име, цели две децении е единствена асоцијација за македонска поп-рок дива. Таа ги пее „Срца две”...

Кривична за тројца струмичани, со остар предмет се заканувале на полицајци, кои со пукање во воздух ги предупредиле

Кривична за тројца струмичани, со остар предмет се заканувал…

Фев 18, 2020 Вести

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.А. (35), С.Х. (21) и К.Х. (23), тројцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кри...

Струмичките одбојкари со убедлива победа над „УГД Штип“

Струмичките одбојкари со убедлива победа над „УГД Штип“

Фев 17, 2020 Вести

Вечерва во Спортската сала „Парк“ во Струмица, одбојкарите на „ЏИО Струмица“ ја запишаа осмата победа во машкиот одбојкарски шампионат на Македонија. ...

Се бара фризер за партнерство во Фризерско-козметичко студио

Се бара фризер за партнерство во Фризерско-козметичко студио

Фев 17, 2020 Веб Билборд

Разработено Фризерско-козметичко студио има потреба од фризер со работно искуство за партнерство во работата и делење на сите трошкови. Подетални инфо...

И тие умеат да пеат, да бидат забавни, со верба во себе, надеж и љубов, лица со попреченост настапија на првиот музички хепенинг

И тие умеат да пеат, да бидат забавни, со верба во себе, над…

Фев 17, 2020 Магазин

Полна сала со народ, дојдоа да ги храбрат 12-мината млади лица, кои иако со попреченост покажаа дека нема место за било какви препреки во нашето опште...

Фабрика за производство на мебел од Струмица бара работници

Фабрика за производство на мебел од Струмица бара работници

Фев 17, 2020 Веб Билборд

Фабрика за производство на мебел од Струмица има потреба од двајца монтери со работно искуство и еден работник за работа на C.N.C. машина. Подетални и...