Каролина Дончева од струмичкото СДСМ: Позитивна политика, подобрен семеен буџет

Вторник, 21 Јануари 2020

Каролина Дончева, член на Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ во Струмица, вели дека по заслуга на прогресивните политики кои ги спроведува СДСМ, како одговорна партија, граѓаните на нашава земја секојдневно стануваат сведоци на перманентниот раст на нивните семејни буџети.

Повеќе од очигледно е дека животниот стандард на граѓаните веќе не е на нивото од пред три години, кога погубните политики на режимската власт на ВМРО ДПМНЕ ги доведе до состојба да живеат на границата на опстанок и под човековото достоинство.

Денес граѓаните живеат многу подобро од порано, што укажува на фактот дека СДСМ е на прав пат во креирањето на функционалните политики во делот на зголемувањето на платите.

Неспорно е дека денес не постои сектор во кој не е забележано значително покачување на платите на вработените. Од буквално сите сектори кои бележат раст на примањата, во оваа прилика се осврнуваме на платите во образованието и во градинките. Па така, најновото покачување на платите во основното, средното и високото образование, како и во науката, од 1 јануари е за нови 10%, со што кумулативно, тоа изнесува скоро 21%, имајќи ги во предвид претходните две покачувања за само една година. Такво нешто се нема случено во последните 10 години.

Големо е покачувањето на платите и во градинките. Кај воспитувачите тоа изнесува 5.744 денари во нето износ, а нето платите на негувателките се повисоки за 4.339 денари. Во просек покачувањето во социјалната заштита изнесува 4.585 денари во нето износ. Исто така, важно е да се каже дека сите овие износи се без вкалкулиран минат труд.

Постојаниот забрзан раст на платите, како и постабилната и поконкурентна економија носат придобивки кои граѓаните се повеќе ги чувствуваат. Дека тоа е така, тие ќе потврдат на 12 април, кога јасно искажаната доверба ќе значи дека од правиот пат нема скршнување.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Направен е редоследот на карневалистите за поворката на Струмичкиот карневал на 29 февруари

Направен е редоследот на карневалистите за поворката на Стру…

Фев 20, 2020 Вести

Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, во присуство на претставници на карневалските групи, вечерва во Домот на АРМ во Струмица го направи ред...

Дел од периферијата на градот Струмица четири часа ќе биде без струја, погледнете каде

Дел од периферијата на градот Струмица четири часа ќе биде б…

Фев 20, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 21 февруари), во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе биде прекинато снабдувањето со еле...

Амбасадорката Рејчел Галовеј го вкуси виното „Таис“, ја посети винаријата на „Грозд“

Амбасадорката Рејчел Галовеј го вкуси виното „Таис“, ја посе…

Фев 20, 2020 Вести

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј, во придружба на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, де...

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј е во дводневна посета на Струмица

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј е во дводневна посета…

Фев 20, 2020 Вести

Амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, Рејчел Галовеј, денеска и утре е во дводневна работна посета на Струмица. Работната посета ја за...

Автомобил удрил во запрежно возило, сообраќајот кај Куклишка крстосница беше половина час во прекин

Автомобил удрил во запрежно возило, сообраќајот кај Куклишка…

Фев 20, 2020 Вести

Денеска околу 09:30 часот на излезот од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил и запрежно во...

Во прекин патниот правец кон Валандово поради сообраќајка кај Куклишка раскрсница

Во прекин патниот правец кон Валандово поради сообраќајка ка…

Фев 20, 2020 Вести

АМСМ информира дека од 10:00 часот сообраќајот на патниот правец Струмица - Валандово кај Куклишка крстосница, поради случена сообраќајна незгода, е в...

Опремете го домот! Плаќање на 24 рати преку ИутеКредит во салони за мебел

Опремете го домот! Плаќање на 24 рати преку ИутеКредит во са…

Фев 20, 2020 Маркетинг

Опремувањето и реновирањето на домот може да биде оптоварување за семејниот буџет, но со наменскиот потрошувачки кредит на ИутеКредит можете да купите...

Златна плакета за најдобра карикатура на Ерико Жунгуеира Аурес од Бразил

Златна плакета за најдобра карикатура на Ерико Жунгуеира Аур…

Фев 19, 2020 Вести

Меѓународното жири на 21-от Фестивал за карикатура и афоризам „Струмица 2020“, ги избра најдобрите од пристигнатите 140 карикатури од 20-тина држави и...