Објавен Законот за докуп на стаж за пензија: ОВА СЕ УСЛОВИТЕ

Среда, 12 Февруари 2020

Лицата кои наполниле 65 години, а немаат 15 години работен стаж поради неплатени придонеси, ќе можат да ги откупат тие години од стажот за да добијат старосна пензија. Законот кој го овозможува откупот на стаж, откако беше донесен во Собранието, вчера е објавен во Службен весник. Тој стапува на сила на 18 февруари 2020 година, а ќе почне да се применува по еден месец, односно од 18 март 2020 година, бидејќи во рок од 30 дена Министерството за труд и социјална политика, треба да ја дефинира формата и содржината на барањето.

Пресметувањето на сумата за исплата ќе се прави врз основа на 20 отсто од просечната плата од претходната година објавена од Државниот завод за статистика која сега изнесува 1.400 денари за еден месец. Можност за откупување на стажот имаат и членовите од семејството на осигуреник кој починал. Со тоа може да се спроведе реализација на правото на семејна пензија.

Со Законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, како што информира денеска Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, се уредува начинот на утврдување на стажот на осигуреникот кој бил во редовен работен однос и бил пријавен во задолжително социјално осигурување, а обврзникот за пресметка и плаќање на придонес не го платил придонесот за пензиско и инвалидско осигурување.

Во овие случаи, со Законот се дава можност осигуреникот да може самиот за себе да изврши плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување. Плаќањето на придонесот ќе се однесува за оној период за кој осигуреникот поднесува барање за плаќање на придонес, под услов да бил пријавен во задолжително социјално осигурување. Основицата за пресметка и плаќање на придонесот изнесува 20 отсто од просечната плата за претходната година од годината во која е поднесено барањето за плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување, објавена од Државниот завод за статистика, се вели во соопштението од Фондот.

Плаќањето на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување може да го извршат и членовите на семејството заради остварување право на семејна пензија. Правото на плаќање на придонес се остварува по поднесено барање на осигуреникот или членовите на семејството, а кое се поднесува до надлежната Филијала, односно Деловница на Фондот. По поднесеното барање, Фондот ќе донесе решение за плаќање на придонесот, откако ќе утврди дека се исполнети условите предвидени во Законот.

Во условите се предвидува осигуреникот бил пријавен во задолжително социјално осигурување, што се утврдува од податоците во матичната евиденција на Фондот со претходно воспоставена пријава за почеток и престанок на осигурувањето утврдена во матичната евиденција на Фондот, придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за периодот за кој осигуреникот бил пријавен во задолжително социјално осигурување не е платен, односно не е целосно платен, што се утврдува со записник на Фондот и обврзникот за плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување е во стечај, а осигуреникот е одјавен од осигурување, или обврзникот е избришан од регистрите кои се водат при Централниот регистар.

Уплатата на придонесот, потсетуваат од Фондот, се врши по донесувањето на решението. Претходното законско решение за докуп на стаж кое беше донесено во 2015 година, додаваат оттаму, имаше ограничено важење од една година, за разлика од ова законско решение кое нема ограничување во важењето.

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ќе може да прави пресметки за плаќање на придонесот до 31 декември 2008 година.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Денеска е Светски ден на здравјето, седете дома и чувајте го своето здравје и здравјето на најблиските

Денеска е Светски ден на здравјето, седете дома и чувајте го…

Апр 07, 2020 Магазин

Денеска е Светски ден на здравјето. Овој ден е посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април секоја ...

Денеска е Свето Благовештение – Благовец, празник на радосната вест и на пролетната убавина

Денеска е Свето Благовештение – Благовец, празник на радосна…

Апр 07, 2020 Магазин

Денеска е Свето Благовештение – Благовец, Празник на радосната вест и на пролетната убавина. Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како ...

Од Струмица ќе бидат испратени прехранбени пакети за сиромашни семејства во кризните подрачја Куманово и Дебар

Од Струмица ќе бидат испратени прехранбени пакети за сиромаш…

Апр 06, 2020 Вести

Волонтери на Општинскиот кризен штаб при Општина Струмица подготвуваат 700 прехранбени пакети за сиромашни семејства во кризните подрачја, односно опш...

„Комуналец“ направи целосна дезинфекција на затворениот пазар во Трговскиот центар „Глобал“

„Комуналец“ направи целосна дезинфекција на затворениот паза…

Апр 06, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ во соработка со специјализирана фирма за дезинфекција од Скопје изврши целосно чистење и дезинфекција и на Трговскиот центар „Глобал“...

Починаа три лица заболени со коронавирус, денеска 15 нови позитивни случаи

Починаа три лица заболени со коронавирус, денеска 15 нови по…

Апр 06, 2020 Вести

Регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во земјава, по градови: Скопје – 4, Куманово – 8, Тетово – 1, Струга – 1 и Штип – 1. Со ова, вкупната бр...

Полицијата поднесе кривични пријави против 15 струмичани за непочитување полициски час

Полицијата поднесе кривични пријави против 15 струмичани за …

Апр 06, 2020 Вести

СВР Струмица вчера до Основно јавно обвинителство во Струмица има поднесено кривични пријави против 15 лица, кои во претходниот период ја прекршиле за...

СВР Струмица ги повикува фирмите кои работат во 3-та и 4-та смена да си обезбедат дозволи за движење на своите вработени

СВР Струмица ги повикува фирмите кои работат во 3-та и 4-та …

Апр 06, 2020 Вести

Секторот за внатрешни работи Струмица, апелира до сите правни лица и компании на подрачјето кои работат во 3-та и 4-та смена на своите вработени да им...

Од среда полицискиот час започнува во 16:00 часот, викендот целосна забрана на движење

Од среда полицискиот час започнува во 16:00 часот, викендот …

Апр 06, 2020 Вести

Владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб...