Во петок во Струмица танцовата претстава „Пепелашка“ во изведба на лица со попреченост

Вторник, 18 Февруари 2020

По успешната премиера во април и реприза во септември 2019 година во Националната Опера и Балет во Скопје, изведба пред публиката во Гевгелија, Штип, Зајечар, пред Принцот Едвард по повод неговата дводневна посета во Скопје и на многубројни настани и манифестации, во петок (21 февруари) од 19:00 часот, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе биде изведена првата инклузивна претстава „Пепелашка“.

Претставата е во целосна организација и реализација на танцовото студио „ЕУРЕКА“ од Скопје кое има традиција од 19 години работа. Во главните улоги на претставата се лица со попречености, останати улоги - деца и млади членови на „Еурека Студио“.

„Кога Сонот станува реалност“ или „Еурека, Сон, Реалност“ е мотото на ова оригинално дело. На сцената во Центарот за култура во Струмица ќе застанат 90 учесници и во 70 минути ќе се обидат да ве пренесат во светот на танцот.

Можна ли е Пепелашка во ново време? Или нова Пепелашка во старо време? Не мислите ли дека лице со попреченост е необичната Пепелашка во ова наше сурово време?

„Без оглед на различните способности на лицата со попреченост, низ оваа сценско уметничка форма, успеваме да ја покажеме вредноста на човекот, да ја промовираме толеранцијата, хуманоста, емпатијата и љубовта кон човечкиот род“ – велат од „Еурека“.

Гостувањето на „Пепелашка“ во Струмица е под покровителство на  Британска Амбасада, а поддржано од Општина Струмица и Центарот за култура „Антон Панов“.

Влезот за претставата е бесплатен, а билети може да се подигнат од билетарницата на Центарот за култура и книжарница „Трејд“ во Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Фабриката за мебел „11-ти Септември“ има потреба од работници

Фабриката за мебел „11-ти Септември“ има потреба од работниц…

Апр 01, 2020 Веб Билборд

Фабриката за производство на мебел „11-ти Септември“ од Струмица има потреба од двајца монтери со работно искуство и еден работник за работа на C.N.C...

Владата забрани нови вработувања во јавниот сектор, нема К-15 во јавниот сектор, нема набавка на мебел, опрема и возила

Владата забрани нови вработувања во јавниот сектор, нема К-1…

Апр 01, 2020 Вести

Владата на Република Северна Македонија го разгледа предлогот на Министерството за финансии за намалување на непродуктивни расходи поради справување с...

25 новозаболени од коронавирусот, во Струмица останува единствениот пациент

25 новозаболени од коронавирусот, во Струмица останува единс…

Апр 01, 2020 Вести

Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје - 7, Куманово -7, Прилеп -2, Тетово -5, Струга -2, ...

Се отворија пазарите во Струмица, на пазар со заштитна маска и ракавици

Се отворија пазарите во Струмица, на пазар со заштитна маска…

Апр 01, 2020 Вести

Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Струмица ги известува граѓаните дека сите зелени пазари се отворени за продажба на земјоделски и пр...

Дел од Струмичкото корзо утре без струја од 10 до 15 часот

Дел од Струмичкото корзо утре без струја од 10 до 15 часот

Апр 01, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 2 април), во периодот од 10:00 до 15:00 часот ќе има прекин во напојувањето со елект...

Владата го донесе вториот пакет економски мерки за справување со кризата, што содржат тие

Владата го донесе вториот пакет економски мерки за справувањ…

Апр 01, 2020 Вести

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 32-ра седница го усвои вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за сите мер...

Полицискиот час вчера во Струмица го прекршило само едно лице

Полицискиот час вчера во Струмица го прекршило само едно лиц…

Мар 31, 2020 Вести

Вчера СВР Струмица до надлежните обвинителства поднесе кривични пријави против шест лица кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење, ...

Завршните оценки за ова учебна година учениците ќе ги добијат според покажаните резултати додека беа на училиште

Завршните оценки за ова учебна година учениците ќе ги добија…

Мар 31, 2020 Вести

Доколку ситуацијата не дозволува учениците да се вратат во училниците до крајот на тековната наставна година, завршните сумативни оценки ќе бидат засн...