Во Струмица повторно ќе се доделуваат 37 нови станови за социјални семејства, пријавувањето ќе трае до 15 април

Среда, 19 Февруари 2020

Струмичани од најранливите категории на граѓани од денеска до 15 април можат да аплицираат на огласот за распределба на 37 социјални станови во Струмица, што го објави Министерството за транспорт и врски.

Право на учество на огласот имаат деца без родители или родителска грижа над 18 години, кои до 18-тата година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители, корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта. Опфатени се и лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, припадници на Ромската заедница социјално загрозени, согласно Стратегијата за Ромите на Република Северна Македонија и самохрани родители со малолетни деца.

Лицата кои ќе аплицираат треба да се државјани на Република Северна Македонија, да имаат постојано место на живеење во општина Струмица, каде е изграден социјалниот стан и да не поседуваат стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на државата.

Како што не информираше раководителот на Подружницата во Струмица на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Билјана Георгиева, станува збор за „социјалната зграда“ на улицата „Ѓорги Василев“ во Струмица за која минатата година беше објавен оглас за доделување на становите, но поради одредени причини истиот беше поништен. Зградата е со 41 стан, од кои четири неодамна беа доделени на лица со попреченост кои долги години престојуваа во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.

„Документацијата се поднесува во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Струмица, каде ќе се обезбеди помош за лицата кои не се во можност сами да ги комплетираат документите. Подносителот на барањето за добивање на социјален стан може да поднесе документација и да аплицира само за една од шесте категории корисници на социјални станови“ - вели Георгиева.

Министерството за транспорт и врски најавува дека социјалните станови ќе се распределуваат во транспарентна постапка преку електронска распределба согласно со Методологијата за бодирање на кандидати за добивање на социјален стан под закуп. /Р.Ѓ./

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Фабриката за мебел „11-ти Септември“ има потреба од работници

Фабриката за мебел „11-ти Септември“ има потреба од работниц…

Апр 01, 2020 Веб Билборд

Фабриката за производство на мебел „11-ти Септември“ од Струмица има потреба од двајца монтери со работно искуство и еден работник за работа на C.N.C...

Владата забрани нови вработувања во јавниот сектор, нема К-15 во јавниот сектор, нема набавка на мебел, опрема и возила

Владата забрани нови вработувања во јавниот сектор, нема К-1…

Апр 01, 2020 Вести

Владата на Република Северна Македонија го разгледа предлогот на Министерството за финансии за намалување на непродуктивни расходи поради справување с...

25 новозаболени од коронавирусот, во Струмица останува единствениот пациент

25 новозаболени од коронавирусот, во Струмица останува единс…

Апр 01, 2020 Вести

Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје - 7, Куманово -7, Прилеп -2, Тетово -5, Струга -2, ...

Се отворија пазарите во Струмица, на пазар со заштитна маска и ракавици

Се отворија пазарите во Струмица, на пазар со заштитна маска…

Апр 01, 2020 Вести

Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Струмица ги известува граѓаните дека сите зелени пазари се отворени за продажба на земјоделски и пр...

Дел од Струмичкото корзо утре без струја од 10 до 15 часот

Дел од Струмичкото корзо утре без струја од 10 до 15 часот

Апр 01, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 2 април), во периодот од 10:00 до 15:00 часот ќе има прекин во напојувањето со елект...

Владата го донесе вториот пакет економски мерки за справување со кризата, што содржат тие

Владата го донесе вториот пакет економски мерки за справувањ…

Апр 01, 2020 Вести

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 32-ра седница го усвои вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за сите мер...

Полицискиот час вчера во Струмица го прекршило само едно лице

Полицискиот час вчера во Струмица го прекршило само едно лиц…

Мар 31, 2020 Вести

Вчера СВР Струмица до надлежните обвинителства поднесе кривични пријави против шест лица кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење, ...

Завршните оценки за ова учебна година учениците ќе ги добијат според покажаните резултати додека беа на училиште

Завршните оценки за ова учебна година учениците ќе ги добија…

Мар 31, 2020 Вести

Доколку ситуацијата не дозволува учениците да се вратат во училниците до крајот на тековната наставна година, завршните сумативни оценки ќе бидат засн...