Од 2 март Струмица го добива првиот Дом за стари лица

Петок, 21 Февруари 2020

Привршуваат финалните работи околу адаптирањето на поранешниот комплекс „Цареви кули“ над Струмица во приватен Дом за стари лица и Дневен центар – „Отворено срце“.

Освен поранешниот ресторан, кој ќе се користи како простор за дневен престој и служење храна и пијалоци, изграден е дополнителен простор со 16 соби и исто толку тоалети (WC) со туш кабини. Собите се со различни димензии и број на лица за живеење, односно еднокреветни, двокреветни и трокреветни, креветите се електрични со прегради и 4 нивоа на подигнување, изработени по Швајцарска лиценца, а секоја соба е со ТВ приемник и интернет врска.

„Дневниот центар за стари лица, со капацитет до 30 лица, ќе започне со работа од 2 март (понеделник), каде во текот на денот, односно од 09:00 до 17:00 часот ќе можат да престојуваат постарите наши сограѓани. Тимот веќе е комплетиран и е составен од 20-тина луѓе, лекари, медицински сестри, физеотерапефти и помошен персонал“ – информираат од Домот за стари лица „Отворено срце“.

За лицата кои ќе престојуваат таму обезбеден е превоз од својот дом во градот до објектот над Струмица, опкружен со природни убавини и чист воздух на надморска висина од 600 метри, а располага и со мала зоолошка градина.

Во текот на денот на престој обезбеден е ручок, пијалоци, разновидни друштвени игри, ТВ приемници, но и интернет конекција, а корисниците во текот на денот ќе имаат и можност неколку часа да отспијат доколку ја имаат таа потреба.

Од „Отворено срце“ најавуваат дека многу наскоро ќе биде пуштен во употреба и Домот за стари лица со капацитет до 20 лица, кои ќе имаат 24-часовна услуга со постојано присуство на медицински сестри и овластени лица кои ќе дават грижа во текот на денот и ноќта.

Заинтересираните граѓани за престој во Дневниот центар за стари лица можат да закажат престој преку телефонскиот број: 075/499-188  /Р.Ѓ./

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Фабриката за мебел „11-ти Септември“ има потреба од работници

Фабриката за мебел „11-ти Септември“ има потреба од работниц…

Апр 01, 2020 Веб Билборд

Фабриката за производство на мебел „11-ти Септември“ од Струмица има потреба од двајца монтери со работно искуство и еден работник за работа на C.N.C...

Владата забрани нови вработувања во јавниот сектор, нема К-15 во јавниот сектор, нема набавка на мебел, опрема и возила

Владата забрани нови вработувања во јавниот сектор, нема К-1…

Апр 01, 2020 Вести

Владата на Република Северна Македонија го разгледа предлогот на Министерството за финансии за намалување на непродуктивни расходи поради справување с...

25 новозаболени од коронавирусот, во Струмица останува единствениот пациент

25 новозаболени од коронавирусот, во Струмица останува единс…

Апр 01, 2020 Вести

Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје - 7, Куманово -7, Прилеп -2, Тетово -5, Струга -2, ...

Се отворија пазарите во Струмица, на пазар со заштитна маска и ракавици

Се отворија пазарите во Струмица, на пазар со заштитна маска…

Апр 01, 2020 Вести

Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Струмица ги известува граѓаните дека сите зелени пазари се отворени за продажба на земјоделски и пр...

Дел од Струмичкото корзо утре без струја од 10 до 15 часот

Дел од Струмичкото корзо утре без струја од 10 до 15 часот

Апр 01, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 2 април), во периодот од 10:00 до 15:00 часот ќе има прекин во напојувањето со елект...

Владата го донесе вториот пакет економски мерки за справување со кризата, што содржат тие

Владата го донесе вториот пакет економски мерки за справувањ…

Апр 01, 2020 Вести

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 32-ра седница го усвои вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за сите мер...

Полицискиот час вчера во Струмица го прекршило само едно лице

Полицискиот час вчера во Струмица го прекршило само едно лиц…

Мар 31, 2020 Вести

Вчера СВР Струмица до надлежните обвинителства поднесе кривични пријави против шест лица кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење, ...

Завршните оценки за ова учебна година учениците ќе ги добијат според покажаните резултати додека беа на училиште

Завршните оценки за ова учебна година учениците ќе ги добија…

Мар 31, 2020 Вести

Доколку ситуацијата не дозволува учениците да се вратат во училниците до крајот на тековната наставна година, завршните сумативни оценки ќе бидат засн...