Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа за мерките и придобивките во земјоделство

Недела, 23 Февруари 2020

„Речиси една деценија пазарите ни беа затворени, моите родители се соочува со проблеми при пласман на производите. Или производите остануваа непродадени или се продаваа по екстремно ниски цени. Се доделуваа квази субвенции, кои не ги добиваа вистинските земјоделци“ – вели проф. Сања Митева, која потекнува од земјоделско семејство, правејќи споредба за бенефитите кои ги имаат земјоделците од Струмичкиот регион денес и во изминатите години, на трибината „МЛАДИ 20-24“ на тема „Земјоделство“, во организација на СДММ, што се одржа денеска во хотелот „Вила Парк“ во Струмица.

Митева вели дека за прв пат после 11 години имаме навремена и фер исплата на субцвенциите. Од 1-ви јуни 2017 година, па до сега се исплатени долговите од 2013, 2014 и 2015 година кои минатата власт не ги сервисирала навремено и ги пренаменувала кон непродуктивни трошоци.

На трибината говореа и претседателот на Локалниот Клуб на СДММ во Струмица, Столе Коциров, Гоце Георгиевски, член на Комисијата за земјоделство на СДСМ и Слободанка Коцева, млада земјоделка.

„Над 340 милиони евра се исплатени кон земјоделците во изминатите 2 и пол години. Состојбата во која го затекнавме секторот земјоделство беше катастрофална, како пример Програмата за директни плаќања ја наследивме со 40 милиони евра долг кон земјоделците, решававме и наследени проблеми и неисплатени обврски кон земјоделците од страна на откупувачите и дополнително ги сервисиравме тековните обврски“ - кажа Гоце Георгиевски член на Комисијата за земјоделство на СДСМ.

За поддршката и позитивното искуство преку мерката „Млад земјоделец“, каде сумата е зголемата од 10.000 на 20.000 евра, говореше младата земјоделка Слободанка Коцева.

„Кога слушнавме дека постои можност за дополнителна поддршка од државата, ја поднесов потребната документација и ме известија дека ги исполнувам условите и дека имам добиено средства во форма на грант. Вкупната сума на средствата кои ги добивме беше 10.000 евра. Овие средства ги искористивме за набавување на приклучна механизација, плуг, приколка, прскалка и друго. Нашето семејство се занимава со производство на млеко, произведуваме 300 литри дневно, а тоа е околу 9 тони млеко месечно. Со поддршката обезбедивме дополнителна механизација и го зголемивме обемот на производство“ – кажа Коцева, порачувајќи им на сите млади кои се од овој регион и кои доаѓаат од земјоделски семејства, да ги искористат овие можности и да поднесат документи и да добијат поддршка од државата до 20.000 евра.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Фабриката за мебел „11-ти Септември“ има потреба од работници

Фабриката за мебел „11-ти Септември“ има потреба од работниц…

Апр 01, 2020 Веб Билборд

Фабриката за производство на мебел „11-ти Септември“ од Струмица има потреба од двајца монтери со работно искуство и еден работник за работа на C.N.C...

Владата забрани нови вработувања во јавниот сектор, нема К-15 во јавниот сектор, нема набавка на мебел, опрема и возила

Владата забрани нови вработувања во јавниот сектор, нема К-1…

Апр 01, 2020 Вести

Владата на Република Северна Македонија го разгледа предлогот на Министерството за финансии за намалување на непродуктивни расходи поради справување с...

25 новозаболени од коронавирусот, во Струмица останува единствениот пациент

25 новозаболени од коронавирусот, во Струмица останува единс…

Апр 01, 2020 Вести

Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје - 7, Куманово -7, Прилеп -2, Тетово -5, Струга -2, ...

Се отворија пазарите во Струмица, на пазар со заштитна маска и ракавици

Се отворија пазарите во Струмица, на пазар со заштитна маска…

Апр 01, 2020 Вести

Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Струмица ги известува граѓаните дека сите зелени пазари се отворени за продажба на земјоделски и пр...

Дел од Струмичкото корзо утре без струја од 10 до 15 часот

Дел од Струмичкото корзо утре без струја од 10 до 15 часот

Апр 01, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 2 април), во периодот од 10:00 до 15:00 часот ќе има прекин во напојувањето со елект...

Владата го донесе вториот пакет економски мерки за справување со кризата, што содржат тие

Владата го донесе вториот пакет економски мерки за справувањ…

Апр 01, 2020 Вести

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 32-ра седница го усвои вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за сите мер...

Полицискиот час вчера во Струмица го прекршило само едно лице

Полицискиот час вчера во Струмица го прекршило само едно лиц…

Мар 31, 2020 Вести

Вчера СВР Струмица до надлежните обвинителства поднесе кривични пријави против шест лица кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење, ...

Завршните оценки за ова учебна година учениците ќе ги добијат според покажаните резултати додека беа на училиште

Завршните оценки за ова учебна година учениците ќе ги добија…

Мар 31, 2020 Вести

Доколку ситуацијата не дозволува учениците да се вратат во училниците до крајот на тековната наставна година, завршните сумативни оценки ќе бидат засн...